Македонија

Инвестиција вредна 1 милијарда евра влегува во Македонија

Потпишан меморандум со „Казанџи Груп“ инвестиција која ќе ја зголеми стабилноста и независноста на енергетскиот сектор

Инвестициите во енергетиката се клучниот двигател за економскиот и општествениот развој на државата. Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во енергетиката, во домашното производство на енергија и во современа и одржлива енергетска инфраструктура, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Со цел Македонија да стане енергетска раскрсница на Балканот секојдневно се работи на нови инвестиции во енергетиката. Се потпиша моморандумот со компанијата „Казанџи груп“ којашто е светски гигант во енергетиката. „Казанџи Холдинг“, е водечка турска компанија со преку 25 години искуство, оперира со инсталиран капацитет од над 3,500 MW во осум држави и е активна во 22 земји на четири континенти.

Во Македонија „Казанџи груп“ ќе инвестира 1 милијарда евра за изградба на секундарна гасоводна мрежа, топловодна мрежа и когенеративните централи со 500 MW инсталиран капацитет кои произведуваат 4,1 TWh електрична енергија и 720 GWh топлинска енергија на годишно ниво.

Проектот опфаќа три главни компоненти, развој на нови капацитети за производство на електрична енергија, изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас и мерки за зголемување на сигурноста во снабдувањето со гас.

Овој проект ќе даде допринос во сигурноста и безбедноста на електродистрибутивниот систем и ќе ја зајакне енергетската стабилност на државата. Со овие инвестиции ја намалуваме зависноста од увоз и влијанието на надворешните фактори. Дополнително со реализација на вакви проекти се отвораат нови работни места и нови можности за соработка на компаниите.

Најнови вести од: Македонија

Костовски: Наскоро почнува градбата на нова поликлиника во Бутел, за да се подобри здравствената заштита на жителите!

Општина Бутел ќе добие нова модерна поликлиника, откако денеска беше потпишан договорот со економски оператор за реализација на проектот. „Носител на овој мега проект е општина Бутел. Министерството за здравство партнерски ќе учествува во него. Премиерот Христијан Мицкоски стои зад овој проект.“ – објави на својот фејсбук-профил градоначалникот на Бутел Дарко Костовски.

Мицкоски: Нема да бидеме предизборна алатка во рацете на политичари од Бугарија, кои му припаѓаат на минатиот век!

„Во овој момент не би сакал да бидеме алатка во рацете на политичари во Бугарија, кои му припаѓаат на минатиот век, а не гледаат кон идината. Да не им дозволиме на тие политичари да водат изборна кампања врз ова прашање.“ – изјави денес претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со амандманите во извештајот на Томас Вајц за Македонија.

Скандалозни злоупотреби во МВР! – Полицајци за лажни боледувања менувале матични лекари, за да не одат на работа!

Фондот за здравствено осигурување ја заврши контролата на 80 лица и 105 приватни и јавни здравствени установи, откривајќи бројни злоупотреби при издавање на боледувања. Вкупната казна за установите со неправилности изнесува околу 1,2 милиони денари, а сите случаи се известени во МВР за понатамошно постапување.

Мицкоски: Реконструкција на Владата во мај, или јуни – Нема коалициски договори и преговори со други партии

Премиерот на Владата на Република Христијан Мицкоски изјави дека во мај или јуни, за кога се планира реконструкцијата на Владата, ќе се знае дали и кој министер ќе замине од одредено министерство, или ќе премине во друго министерство.

„Цунами“ од семејни насилства: тетовец секојдневно ѝ се заканувал на сопругата и децата, ја тепал и ја нападнал со нож!

Вчера, на 22 март 2026 година околу 21 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода Б.И.(43) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека ја нападнал физички и со остар предмет. Во претходниот период секојдневно се однесувал агресивно и упатувал закани кон неа и нивните деца.

Најнови вести

To top