Спорт

Кејн двоен стрелец во победата на Англија со пресврт против ДР Конго

Со головите на својот капитен во завршницата од мечот во Атланта, некогашниот светски првак славеше со 2:1

Капитенот Хари Кејн е херојот на фудбалската репрезентација на Англија, како двоен стрелец на триумфот од 2:1 со пресврт против ДР Конго за пласман во осминафиналето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Африканската селекција, рангирана на 46. место на листата на ФИФА, долго време имаше водство со голот на Брајан Сипенга уште во 7. минута, но во завршницата од мечот во Атланта на сцената стапи Кејн и двете асистенции од Ентони Гордон ги претвори во погодок во 75. и во 86. минута.

Гордиот Албион првпат поминува елиминациски меч по седум порази откако губел на полувреме.

Кејн, пак, со вкупно 13 гола во своите три учества на СП се израмни со Французинот Жист Фонтен на шестото место на вечната листа, поминувајќи го Пеле.

За место во четвртфиналето избраниците на селекторот Томас Тухел ќе се борат со кодомаќинот Мексико на 6 јуни на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити.

Најнови вести од: Спорт

Почнува главното – Комплетирани се сите двојки од нокаут-фазата на СП

Од овој дел од турнирот повеќе нема право на поправен испит – доколку по 90 минути нема победник, ќе се играат продолженија, а ако и тогаш резултатот остане нерешен, патникот во следната рунда ќе се решава со изведување пенали

To top