Хроника

Малолетничките и родителите на разговор во полиција по насилството во Аеродром – МВР со детали

МВР и социјалните служби вклучени во случајот во Аеродром

Во полициска станица во Скопје извршен е разговор со две малолетнички и нивните родители во врска со случај на насилство врз 12-годишна девојка во општина Аеродром.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 1 јули во 19:30 часот, 31-годишна жена пријавила дека нејзината 12-годишна ќерка била нападната претходната вечер, на 30 јуни околу 22:00 часот, во парк во Аеродром.

Според пријавата, 14-годишна малолетничка, заедно со своја другарка, ја натерала 12-годишната девојка двапати да клекне на колена и да се извинува. Потоа, кога тргнала да си оди, била физички нападната од друга малолетничка. Целиот инцидент бил снимен со мобилен телефон од повеќе присутни малолетници, од кои едниот го познавала жртвата.

Истиот ден во полициска станица бил извршен службен разговор со двете малолетнички во присуство на нивните родители. Јавниот обвинител за малолетници и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа се известени за случајот.

Од МВР соопштија дека се преземаат активности за утврдување на идентитетот на останатите инволвирани малолетни лица. По целосното расчистување на случајот, против инволвираните ќе бидат поднесени кривични пријави за кривичните дела „Насилство“ (член 386) и „Запуштање и малтретирање на малолетно лице“ (член 201) од Кривичниот законик.

Во скопски Аеродром девојчиња ѝ удираат шлаканици на врсничка и ја влечат за коса, додека моли за милост, клекната на колена, а други ја снимаат „забавата“! (Видео)

Најнови вести од: Хроника

Ристова: До кога врсничко насилство, треба ли да ни се случи „Рибникар“?

Адвокатката зачудена како тоа родителите на децата што крвнички тепале 12.годишно девојче и тоа неколку пати по ред, не се одговорни за кривичното дело “Запуштање и малтретирање на дете”, затоа што не биле свесни за дејствијата што ги преземале нивните деца“

To top