Натаму Бојковска истакнува: Еден од најважните приоритети на Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, е Реформската агенда. Нејзиното спроведување е доказ дека Македонија конечно има јасен план, институционална дисциплина и политичка волја да остварува резултати. Особено значаен дел од Реформската агенда е дигиталната трансформација, област во која Македонија веќе бележи конкретен и мерлив напредок. Преку исполнување на чекорите од Реформската агенда, досега се обезбедени 31,7 милиони евра од Планот за раст, токму во дигиталната трансформација. Тоа се пари, кои доаѓаат поради исполнети обврски. Тоа се пари, кои се резултати на реформи, донесени закони и јасна посветеност на државата да се движи напред. Ова е суштината на пораката дека Македонија забрзува. Забрзува во реформите, забрзува во дигиталната трансформација и забрзува во остварувањето резултати за граѓаните.
Дигиталната трансформација значи конкретна промена за граѓаните од услуги без непотребно чекање, до помалку бирократија, поедноставни процедури и институции кои работат побрзо и поефикасно. Токму тоа го прави Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во 2025 година беше донесен најголемиот пакет на закони во областа на дигиталната трансформација. Тој реформски пакет ги поставува темелите на модерна дигитална држава, усогласена со европските стандарди и подготвена да одговори на потребите на граѓаните и на бизнисот. Оваа динамика продолжува и годинава. Ќе бидат донесени и останатите законски решенија кои се дел од Реформската агенда, со цел Македонија да остане меѓу водечките држави во регионот во спроведување на реформите.
Разликата е јасна. Имаме конкретни чекори, испорачуваме реформи, создаваме систем и градиме држава којашто е сервис на граѓаните. Тоа е суштината на реформите кои ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ и во наредниот период ќе продолжи да работи на целосно спроведување на Реформската агенда, на развој на дигитализацијата и на нејзиното вклучување во сите области од општеството. Македонија мора да биде држава која не ги оптоварува граѓаните, туку им го олеснува секојдневието. Македонија забрзува, поради реформите, кои ги спроведува Владата на ВМРО ДПМНЕ, за да стане држава според европските стандарди, како сервис на граѓаните и бизнисот. – посочува Драгана Бојковска, пратеничка во Собранието на Република Македонија и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање кон јавноста.