Свет

„Регулирањето“ на социјалните медиуми и онлајн платформи e „орвеловска“ цензура,

Илјадници луѓе се гонети поради критикување на сопствените влади, објави Стејт департментот

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Европа за задушување на слободата на говорот, тврдејќи дека нејзиното регулирање на социјалните медиуми и другите онлајн платформи претставува „орвеловска“ цензура, објави Политико.

Стејт департментот синоќа објави на социјалните медиуми, без да даде никакви детали, дека илјадници луѓе се гонети поради критикување на сопствените влади, повторувајќи ги изјавите дадени од потпретседателот Џ.Д. Венс претходно оваа година на Минхенската безбедносна конференција.

„Оваа орвеловска порака нема да ги измами САД“, се вели во соопштението. „Цензурата не е слобода“.

Стејт департментот потоа некако ги поврза своите тврдења со Законот за дигитални услуги (DSA), правилата на ЕУ за технологијата и социјалните медиуми.

„Сите што DSA ги штити се европските лидери од сопствениот народ“, соопшти Стејт департментот.

Неколку американски гиганти на социјалните медиуми, вклучувајќи ги Мета и Икс, се соочија со правни мерки според Законот за дигитални услуги, кој стапи на сила во 2022 година.

Најнови вести од: Свет

Воениот комитет на НАТО бара драматично забрзување на испораката на оружје

Брзината на испорака на неопходните одбранбени капацитети мора „драматично“ да се зголеми, изјави денеска шефот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, на прес-конференција по состанокот на началниците на одбраната на земјите-членки во седиштето на Алијансата во Брисел

Куба ќе се брани ако биде нападната од САД

Куба ќе го искористи своето право на самоодбрана во случај на напад од страна на Соединетите Американски Држави (САД), објави вчера кубанското Министерство за надворешни работи, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Антикубанската кампања насочена кон оправдување, без никаква паричина, на воен напад врз Куба се интензивира секој час, со сè повеќе неубедливи обвинувања. САД се […]

To top