Покрај другото, во колумната, што ја објави „Плус инфо“, натаму Героски наведува: Изборот на Горан Герасимовски за нов потпретседател на СДСМ, со потенцијал за освојување на лидерската позиција, е кадровско решение во драматично ослабената опозициска партија. Освен тоа, групата сегашни и поранешни видни членови на СДСМ, интелектуалци и познати јавни личности, која подолго време се дума што да прави и кој пат да фати, конечно истрча на теренот, под името „Разговори за иднината на Македонија“ и брендот „12.05“, со внимателно избалансираната теза дека тоа не е нова партија, туку обид да се покрене дебата.
Не е чудо што во оваа иницијатива Венко Филипче и неговата екипа веднаш препознаа силна закана, па присутните на промоцијата во башановиќевски стил веднаш ги нарекоа квизлинзи, латаси и алфи. И да, ЗНАМ 2.0. Венко, двоецот Фрчковски и остатокот од таа мала група што ведри и облачи на Бихаќка не трпат дебата и разговори, не за сегашноста, а особено не за иднината.
Бидејќи Венко знае дека нема иднина во СДСМ. А сега, кога „квислинзите“ решија групно да се појават на јавната сцена, на Венко му е јасно дека неговата свеќа брзо ќе согори. И дека неговата последна и главна задача е да го промовира својот наследник. За да не мора тоа да го стори оној што вистински одлучува за сидрото и за иднината на СДСМ. Тој сега е на јахтата на Паљури и ужива во театарот. Како и да е, имаме „ново дете“. Нека му е со среќа, пишува Бранко Героски.