Македонија

Титан Усје ќе ги објавува дневните мерења на емисиите на нова платформа

Компанијата ја јакне транспарентноста за животната средина

Заради зајакување на транспаретноста и градење на црвсти релации со јавноста и со сите засегнати страни, од денес е достапен новиот портал за животна средина на ТИТАН Усје https://envi-platform.usje.mk/mk/. На платформата ќе бидат достапни податоците од работењето на компанијата, информации за активности поврзани со животната средина и други релевантни материјали.

Дополнително, за да се овозможи подетален увид во работењето на компанијата, на порталот ќе бидат објавени дневни податоци од независниот систем за мониторинг. Компанијата има 24- часовен мониторинг, 365 дена во годината, а досега редовно ги објавуваше неделните извештаи и ги испраќаше до медиумите еднаш неделно. Покрај тоа, на новиот порталот за животна средина ќе можат да се најдат информации за активностите на компанијата во различни области од животната средина, како континуирани инвестиции и примена на иновации во процесот на работа, мерки за поголема декарбонизација, управување со отпад, регулатива и информации поврзани со алтернативните горива.

Оваа платформа е дополнителен канал за отворена и транспарентна комуникација со јавноста. На новиот портал за животна средина на ТИТАН Усје ќе има можности и за директно поставување прашања или да се побараат дополнителни информации од различни области поврзани со работењето на компанијата. Ќе бидат објавени и студиите што компанијата ги спровела во различни области и други материјали и корисни линкови од областа на животната средина.

Порталот за животна средина постојано ќе се надоградува со нови информации, а на него ќе биде поставена и новата А интегрирана дозвола. Како одговорен член на заедницата ТИТАН Усје останува посветена на креирање на одржлив развој во интерес на сите засегнати страни.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Каде беа кога пропаѓаше Еуростандард банка?

Јавноста се сеќава на Еуростандард банка, на сомнежите и прашањата за кредитирањето на фирми блиски до СДС и Заев, како и на повлекувањето на 250 илјади евра од страна на тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, непосредно пред затворањето на банката.

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

To top