Македонија

Сејдиу: Аркин Јахији немаше да победи без гласовите на ВРЕДИ

Ние го направивме она што требаше да го направиме како Албанци, а албанските гласачи го дадоа својот глас за градоначалник

 

Блерим Сејдиу, висок функционер на ВРЕДИ изјави дека изборниот резултат во Брвеница докажува оти ВРЕДИ не ги изневерил албанските гласачи, нагласувајќи дека победата на Аркин Јахији кандидат на ДУИ немаше да биде можна без гласовите на ВРЕДИ

Во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, Сејдиу рече дека поддршката дадена во вториот круг покажува оти Албанците постапиле во свој заеднички интерес.

„Брвеница е јасен доказ дека ВРЕДИ не ги изневери своите гласачи , изјави Сејдиу.

Тој се осврна и на потегот на Јакуп Хусеини, кој, според Сејдиу, го посетил изборниот штаб на НАИ за да му честита на победничкиот кандидат.

„Граѓаните јасно ја разбраа ситуацијата. Ние го направивме она што требаше да го направиме како Албанци, а албанските гласачи го дадоа својот глас за градоначалник на Брвеница“, рече Сејдиу, кој е и градоначалник на Желино.

 

 

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Каде беа кога пропаѓаше Еуростандард банка?

Јавноста се сеќава на Еуростандард банка, на сомнежите и прашањата за кредитирањето на фирми блиски до СДС и Заев, како и на повлекувањето на 250 илјади евра од страна на тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, непосредно пред затворањето на банката

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

To top