Македонија

Бучковски: Брвеница е сигнал дека ДУИ ќе расте

Победата на ДУИ во општина Брвеница – по што ВМРО-ДПМНЕ го нарече ВРЕДИ „тројански коњ“ – е показател дека ВРЕДИ ја губи поддршката меѓу Албанците

Поранешниот премиер Владо Бучковски, оценува дека етничката мобилизација на Албанците и гласовите од дијаспората придонеле за пресвртот во Брвеница. Според него, малку е веројатно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе може да го повтори нивото на поддршка што претходниот градоначалник го уживаше и кај Македонците и кај Албанците.

Бучковски ,, во кгостување на „360 степеми на МТВ, вели дека очекува јазот меѓу ДУИ и ВРЕДИ да се зголемува.

„Тоа се трендовите. ДУИ ќе расте, ВРЕДИ ќе продолжи да паѓа, а ВМРО-ДПМНЕ ќе има два коалициски партнери чии рејтинзи се движат во рамките на статистичката грешка“, рече Бучковски, мислејќи на ВРЕДИ и ЗНАМ.

Според него, токму овој пад на поддршката објаснува зошто предвремени парламентарни избори не се во интерес на ВРЕДИ.

Бучковски гледа ризик за помалите партнери; тој смета дека доколку коалицијата го одработи целиот мандат – до редовните избори – ВМРО-ДПМНЕ би можела толку многу да ја наруши нивната позиција, што ќе стане неизвесно дали тие воопшто ќе освојат пратенички места.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

To top