Македонија

Таравари: Албанците се за уставни измени, консензусот треба да дојде од македонската страна

Лидерот на Алијанса за Албанците го сфаќал премиерот за гаранциите, но Бугари во Уставот морало да има за старт на преговори за ЕУ

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, целосно го разбирал инсистирањето од премиерот Христијан Мицкоски за гаранции дека впишувањето Бугари во македонскиот Устав ќе биде последното барање, но уставни измени морало да има ако Македонија сакала да почне преговори за членство во Европоската унија.

„Секој висок претставник на Европската Унија кој доаѓа во Македонија и секоја земја-членка испраќаат јасна порака доколку сакаме официјално да започнеме преговори со ЕУ и да ги завршиме неопходен услов се уставните измени. Нема друга алтернатива за започнување преговори.
Целосно го разбирам барањето на премиерот за гаранција, но на крајот од денот мора да признаеме дека ако се стремиме кон членство во ЕУ, мора да ги направиме овие промени. Затоа, не гледам друга опција, уставните измени треба побрзо да се донесат, за да започнат преговорите.
Во меѓувреме, разбирливо е да побарате гаранција иако никогаш не постои 100% гаранција, но ако сакате сигурност, албанските политички партии треба и се подготвени да дадат поддршка за започнување на преговорите и, автоматски, се за уставни измени. Не познавам ниту една албанска партија во Македонија која е против ваква ориентација“, порача Таравари преку Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Промовиран порталот „Е-наука“ како национална база за истражувачите, науката и иновациите

Досега во „Е-наука“ се регистрирани 229 истражувачи, за кои се достапни податоци за образованието, вработувањето, научното звање, институцијата, научното поле, како и резултатите и индикаторите од базите „Веб оф сајнс“, „Скопус“ и „Гугл сколар“.

Не е отпуштен ниеден наставник, иако во основното образование има 200 паралелки помалку, а во средното 100

Во моментот има околу 200 паралелки помалку во основното образование и 100 паралелки помалку во средното образование, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Мицкоски најави зголемување на пензиите: од септември редовно усогласување, се пресметува точниот износ

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека од следниот месец ќе има редовно зголемување на пензиите според процентуалното усогласувања предвидено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување, посочувајќи дека сè уште траат пресметките за износот.

Владата донесе одлука за училишната кошничка: цените на училишниот прибор се намалуваат најмалку за 15 отсто!

Владата на Република Македонија денешната седница донесе одлука, со која се намалуваат цените на училишниот прибор во периодот од објавувањето на одлуката во „Службен весник“, односно од денеска, заклучно со 30 септември 2026 година.

Ангелов: Тешкиот пожар кај Градско ги загрозува селата Горно Чичево и Долно Чичево!

„Денес, на 25 август 2026 година пред 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот меѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево.“ – истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, дополнувајќи дека поради неговото ширење натаму пренасочени биле и „воздушните трактори“ од Китка.

Мицкоски: Направивме многу отстапки за ЕУ, но нè предадоа и нè излажаа, а сега бараат заедно со Бугарија пак да го менуваме Уставот, што е смешно!

„Македонија сака да биде дел од Европската унија и на тој пат направивме многу отстапки, кои, според бирократи од Брисел и од целиот свет, требаше да бидат последното нешто, што го направивме. Но, тие нè предадоа и нè излажаа!“ – истакнува претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во интервју за американски „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News).

To top