Македонија

ЕСМ летово ќе обезбеди електрична енергија за претстојната грејна сезона по прифатливи цени

АД ЕСМ летово ќе обезбеди електрична енергија за претстојната грејна сезона по прифатливи цени – стратешки чекор за одговорно финансиско управување и енергетска безбедност

Во пресрет на грејната сезона, АД ЕСМ презема проактивни чекори за да обезбеди стабилно и поевтино снабдување со електрична енергијa. Компанијата летово стратешки ќе набави, односно ќе резервира енергија за ноември и декември по значително поповолни цени од оние што се очекуваат кон крајот на годината. Целта е однапред да се обезбеди електрична енергија за периодот кога цените на енергетските берзи за четвртиот квартал се на прифатливо ниво.

Цените на енергентите секојдневно флуктуираат под силното влијание на геополитичките и глобалните настани. Со предвременото обезбедување на дел од количините, очекуваме поповолни и попредвидливи цени, заштитувајќи се од потенцијални нагли поскапувања и непредвидени околности, зголемен конзум, пред и во текот на зимскиот период. Оваа стратешка одлука е дел од нашата посветеност на одговорно финансиско управување и обезбедување енергетска сигурност.

Дополнително, целиот вишок електрична енергија произведена од АД ЕСМ ќе продолжи да се продава по пазарни цени на Македонската берза на електрична енергија (МЕМО) на дневна основа. Ова ни овозможува да го оптимизираме нашето производство , да ги искористиме пазарните можности и да придонесеме за ликвидноста и стабилноста на домашниот енергетски пазар.

Во тек се анализи за да се обезбеди електрична енергија по истиот принцип и за зимските месеци јануари и февруари 2026 година, кога се очекува најголемата потрошувачка за грејната сезона 2025/2026.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top