Македонија

Од Вардар извлечено тело на 76.годишен маж

Жителот на Неготино, претходно исчезнал во водите на реката Вардар кај селото Црвени Брегови

Телото на 76-годишен жител на Неготино, кој претходно исчезнал во водите на реката Вардар кај селото Црвени Брегови, синоќа е пронајдено и извлечено од реката.

Според информациите објавени од „Прес24“, повикувајќи се на Центарот за управување со кризи (ЦУК), по пријавата за исчезнато лице веднаш биле ангажирани службите за спасување.

Од Регионалниот центар за управување со кризи – Велес информираа дека на терен интервенирале седум пожарникари од Територијалната противпожарна единица Неготино, како и полициска екипа од Полициската станица Неготино.

„Во 20:20 часот, во близина на сепарацијата кај Црвени Брегови, во реката Вардар беше пронајдено тело, кое е предадено за обдукција“, соопштија од ЦУК.

Надлежните институции ги утврдуваат околностите под кои дошло до трагичниот настан.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top