Македонија

МВР: Од хаос и долги чекања, до стабилен и ефикасен систем за лични документи

Пред и потоа

За две години воспоставивме редовно закажување термини и навремено издавање на пасоши, лични карти и возачки дозволи.

Истовремено инвестиравме во подобри услови за граѓаните – го реконструиравме Одделението за управни работи во зградата на МРТВ во Скопје и отворивме нови канцеларии за управни служби низ државата, со што ги доближивме услугите до околу 200.000 граѓани.

Продолживме и со дигитализацијата. Денес, преку Националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk, граѓаните можат електронски да добијат повеќе уверенија и потврди, без непотребно чекање на шалтери.

Нашата цел е институциите да работат побрзо, поефикасно и во служба на граѓаните. Продолжуваме со модернизација и дигитализација, затоа што квалитетната услуга е најдобар показател за функционална институција – велат од МВР.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Високата поддршка во анкетите е резултат на работата и реформите

Високата предност на партијата во последната анкета ја гледам како потврда за политиките и работата на Владата, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека неговиот фокус останува на реализација на проекти, реформи и исполнување на очекувањата на граѓаните

To top