Македонија

Сончево и топло време со можни краткотрајни врнежи

Пораст на температурите во наредните денови

Денеска во Македонија се очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови на одделни места можно е краткотрајно дестабилизирање на атмосферата, што може да донесе пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринските температури ќе се движат од 9 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат од 26 до 34 степени.

Во Скопје: Сончево време со повремена умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде околу 15 степени, а дневната ќе се искачи до 32 степени.

Прогноза за наредните денови: До крајот на работната недела и почетокот на викендот, претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне повторно ќе има можност за локална нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и грмежи, особено во вторник. Дневните температури постепено ќе бележат пораст.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

„Дали ти изгледам како идиот?!“ – сопственикот на „Авалон“ кон новинарка, која праша колку ќе чини концертот на Дејвид Гета

Дали ти изгледам јас како идиот? Вака сопственикот на „Авалон продукција“ Бобан Милошески, ѝ се обрати на новинарка, која на денешната прес-конференција го праша зошто досега не е објавено во јавноста колку ќе чини настапот на Дејвид Гета. Ова го објави порталот „360 степени“

To top