Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот во првите шест месеци реализиран со раст од 8,6%

Приходите достигнаа 169,9 милијарди денари

Во периодот јануари–јуни 2026 година, вкупните приходи во државниот Буџет изнесуваат 169,9 милијарди денари, што претставува раст од 8,6% во однос на истиот период лани и реализација на планот од над 45%.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во Собранието при презентацијата на ребалансот на Буџетот за 2026 година, оцени дека јавните финансии се стабилни, приходната страна се движи согласно очекувањата, а расходите се насочени кон исполнување на законските обврски и приоритетните политики.

Даночните приходи изнесуваат 96,7 милијарди денари. Најголем дел од нив се од ДДВ – 43,3 милијарди денари (раст од 16,4%). Приходите од данок на личен доход изнесуваат 17,5 милијарди денари (раст од 11,7%), од данок на добивка 13,8 милијарди денари (раст од 14,5%), а од акцизи 13,9 милијарди денари.

Социјалните придонеси, како важен извор за пензискиот и здравствениот систем, достигнаа 58,8 милијарди денари, со раст од 7,5% во однос на лани.

На расходната страна, Буџетот е реализиран во износ од 205,9 милијарди денари. Исплатени се 58,1 милијарди денари за пензии, 25,5 милијарди за здравство, 7,6 милијарди за социјална заштита, а кон општините се трансферирани 15,1 милијарди денари блок-дотации плус 2,4 милијарди од ДДВ.

Капиталните расходи изнесуваат 19,4 милијарди денари, што е значителен раст од 53,5% на годишно ниво. За Коридорите 8 и 10-д се реализирани 6,3 милијарди денари, а за општински проекти 2,1 милијарди денари.

Министерката Димитриеска-Кочоска истакна дека државата во првата половина од годината ги сервисирала сите обврски кон домашните и странските кредитори, со што се одржува довербата на инвеститорите и меѓународните финансиски институции.

Најнови вести од: Македонија

„Реплек“ со засилен раст на домашниот пазар од 24% во првото полугодие од 2026 година

Со континуиран раст на продажбата на домашниот пазар и натамошно зајакнување на својата позиција во Македонија, „Реплек АД Скопје“ во првите шест месеци од 2026 година оствари вкупни приходи од продажба во сегментот фармација од 13,9 милиони евра.

To top