Македонија

Д-р Китевски за „ШАРЕНИТЕ“: Се напикаа како крлежи во комисии, одбори, владини и невладини, и после не оди работата…

Наследникот на легендарниот Марко Цепенков со брутална анализа за ,,Шарените револуционери” кои добро се снаоѓаат и по падот на СДСМ

Столбот на македонската фолклористика Марко Цепенков удри по ,,Ербап луѓето за сите времиња”, учесниците во Шарената револуција кои сега и со новата влада се дел од институциите каде што се решаваат работите од јавен интерес.

Д-р Марко Китевски вели дека „ШАРЕНИТЕ“ се напикале како крлежи во разни комисии, одбори, владини и невладини организации и каде ли не. И после не оди работата…

„Тие што во шарената револуција ја рушеа тогашната власт, сега дојдоа на печалба во оваа власт. Се напикаа како крлежи во разни комисии, одбори, владини и невладини организации и каде ли не. И после не оди работата“, вели научникот, кој во својата 76-та година од животот, го објави делото „Вера и суеверие; На клетва лек нема; Мојот пат“

Д-р Марко Китевски е со својата нова книга, а за тешкотиите во издавањето за МИА вели:

„Друго е прашањето што понекогаш во комисиите има луѓе паднати од небото, што не знаат што е издавачка дејност, не знаат што е формат, не знаат колку сликите во боја ја покачуваат цената на печатењето на книгата, колку тврдите корици… Доделуваат средства така од око, па некогаш позначајна книга од потврден автор добива далеку помалку средства од автор почетник, за книга чие печатење чини многу поевтино. Ама тие се од шарените, тие се ербап луѓе за сите времиња. Тие што во шарената револуција ја рушеа тогашната власт, сега дојдоа на печалба во оваа власт. Се напикаа како крлежи во разни комисии, одбори, владини и невладини организации и каде ли не. И после не оди работата“, вели научникот, кој во својата 76-та година од животот, го објави делото „Вера и суеверие; На клетва лек нема; Мојот пат“

 

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Ристески: Се реализираат над 1200 проекти во сите општини: за автопатишта, училишта, болници и градинки

Петар Ристески пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет истакна дека ребалансот го отсликува одговорното домаќинско и стратешко управување со државната каса.

Љутков: Македонскиот јазик не е политичко прашање, туку национална вредност – Целта е да добие институционална заштита

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Собранието, на Надзорната расправа „Нефункционална и недоследна примена на одредбите од Законот за употребата на македонскиот јазик“ истакна дека спроведувањето на овој закон е обврска на сите институции и оти неговата доследна примена не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки.

„Реплек“ со засилен раст на домашниот пазар од 24% во првото полугодие од 2026 година

Со континуиран раст на продажбата на домашниот пазар и натамошно зајакнување на својата позиција во Македонија, „Реплек АД Скопје“ во првите шест месеци од 2026 година оствари вкупни приходи од продажба во сегментот фармација од 13,9 милиони евра.

To top