Свет

Кинески функционер осуден на смрт, поради корупција од 1993 до 2023 година кога „заработил“ 324 милиони долари

Поранешниот висок локален функционер во кинескиот град Нанџинг Јанг Јулин денеска е осуден на смрт поради корупција, злоупотреба на службена должност, перење пари и други кривични дела.

Јанг во периодот од 1993 до 2023 година додека извршувал различни функции на незаконит начин се стекнал со 324 милиони долари во периодот готовина и средства додека извршувал разни владини позиции од 1993 до 2023 година.

Јанг во завршните зборови пред судот призна вината и изрази каење.

Милиони вработени во огромниот државен апарат се под истрага за време на долгогодишната антикорупциска кампања што ја започна кинескиот претседател Ши Ѓинпинг.

Македонска информативна агенција – МИА

Најнови вести од: Свет

Американски инвестициски фонд ја купува авиокомпанијата „Изиџет“ за 6,4 милијарди евра

Веднаш по отворањето на Лондонската берза, акциите на easyJet пораснаа за 10,5 проценти, што го одразува оптимизмот на инвеститорите за можното склучување на еден од најголемите зделки во европската авиоиндустрија оваа година.

Брисел воведува „флексибилен ЕЕС“, поради хаосот и многучасовните чекања на патниците на границите и аеродромите

Портпаролот на Европската комисија Маркус Ламерс денес изјави дека Комисијата воведува „дополнителна флексибилност и поддршка за земјите-членки на ЕУ во спроведувањето на системот EES“ со цел да се ублажат, како што изјави, „привремените застои на границите“.

To top