Демократската унија за интеграција натаму во своето соопштение изнесува: „На Самитот на НАТО во Турција С.Македонија е претставена со делегација без ниеден албански претставник. Ова е одраз на политичкиот менталитет, кој ја гледа државата како сопственост на еден етникум, додека Албанците се само внатрешен декор.“
„С.Македонија е мултиетничка држава и членка на НАТО благодарение на политичката архитектура, изградена врз рамноправност, претставување и врз Охридскиот договор. Државните делегации треба да ја одразуваат реалноста на земјата, а не да ја бришат.“
„Исклучувањето на Албанците од највисокото меѓународно претставување е погрешна порака за граѓаните, за сојузниците и за карактерот на државата. Државата не е праведно претставена кога половина од нејзината реалност е изоставена.“ – наведуваат „интегративците“ во своето соопштение, во кое изнесуваат уште една формулација, која, исто така нема никаква врска со политичката реалност – „мултиетничка држава“. Република Македонија не е никаква „мултиетничка држава“, туку унитарна држава со целосна рамноправност на сите етникуми, кои го сочинуваат нејзиното вкупно население.