Бизнис

МЕПСО активирал банкарски гаранции од 3,2 милиони евра против компании од Босна и Хрватска

Од МЕПСО образложија дека активирањето на гаранцијата е затоа што од Далековод не ги завршиле работите со далноводот Скопје- Велес во утврдениот рок, а не побарале ниту негово продолжување. Тоа можело да се направи ако станува збор за рок кој би бил во разумен период. Тврдат дека причина за немање на целосна реализација на проектот се имотно правни проблеми. 

Операторот за пренос на електрична енергија МЕПСО во текот на минатата година активирал банкарски гаранции од вкупно 3,2 милиони евра против едни од најголемите оператори за енергетско поврзување во регионот – Енергоинвест од Сараево и Далековод од Загреб, наводно за неисполнети услови при ангажирање на проекти од јавни набавки, објави Фактор,

  • Приходите од наплатени гаранции во 2025 се остварени приходи на износ од 198.926.000 денари од активирани гаранции од Енергоинвест и Далековод Загреб, објавено е во годишниот финансиски извештај на МЕПСО. Двете повлечени банкарски гаранции со вкупна сума од 3,2 милиони евра за окарактеризирани како значителен приход за друштвото.

Досега ваква информација не постоеше во јавноста дека им биле активирани банкарски гаранции на едни од најголемите изведувачи на проекти за енергетско поврзување на Балканот. Новото раководство на МЕПСО минатата година објави дека со Енергоинвест ДОО Сараево е раскинат договорот за изградба на далноводот за енергетско поврзување со Албанија во вредност од 20-тина милиони евра, но никогаш не објави дека била активирана банкарска гаранција, туку само дека овој оператор не градел по предвидена динамика и дека постојано барал нови анекси на договорот за повеќе пари.

Оваа година беше објавено дека раскинатиот договор со босанската компанија за изградба на 400 киловолтниот далекувод Битола – Елбасан завршил на арбитража. Интернационалното предарбитражното тело за решавање на спорови одлучи дека раскинувањето на договорот за енергетското поврзување со Албанија е неоправдано и дека Енергоинвест има право да бара оштета од 6 милиони евра. МЕПСо потоа соопшти дека ќе биде обжалена оваа одлука и дека се ангажирани адвокатски куќи за спорот. Интересно е тоа дека по раскинувањето на договорот со Енергоинвест, на крајот на минатата година за истиот проект е ангажиран хрватскиот Далековод, но излегува дека и на оваа компанија и се одземаат пари со активирана банкарска гаранција, иако за работа на друг проект.

Од МЕПСО образложија дека активирањето на гаранцијата е затоа што од Далековод не ги завршиле работите со далноводот Скопје- Велес во утврдениот рок, а не побарале ниту негово продолжување. Тоа можело да се направи ако станува збор за рок кој би бил во разумен период. Тврдат дека причина за немање на целосна реализација на проектот се имотно правни проблеми. 

Инаку хрватскиот конзорциум Далекувод со кој е потпишан договор од 19, 3 милиони евра, треба да го реализира енергетското поврзување со Албанија со рок од 30 месеци. На 400 киловолтен далновод кој енергетски треба да не поврзе со Албанија се работи околу 10 години и е од голема важност за стабилноста на системот на двете држави. Од МЕПСО се убедени дека нема да дојде до конфликт поради тоа што им е активирана банкарска гаранција за друг проект.

Најнови вести од: Бизнис

Мицкоски: На цела територија на државата ќе се развиваат шест автопатски делници

Мицкоски истакна дека ова е проект кој со децении бил најавуван, а за него е големо задоволство што наскоро на целата територија на државата ќе се развиваат шест автопатски делници

ТИТАН Усје: Јавниот дијалог со сите засегнати страни е важен дел од процесот за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола

Во рамките на законската постапка, се одржа јавна расправа за продолжување на А–интегрираната еколошка дозвола на ТИТАН Усје. Во рамките на јавната расправа, ТИТАН Усје ги презентираше информациите за своето работење, примената на најдобрите достапни практики и активностите што компанијата ги презема за заштита на животната средина.

To top