Македонија

Ќоку: За Вреди е важно е дијаспората да гласа без разлика на формата

За нас е важно е дијаспората да има можност да гласа без разлика дали преку електронско гласање или по пошта, но да бидат безбедни, транспарентни и сигурни форми и во согласност со меѓународните стандарди – истакна денеска координаторот на пратеничката група на ВРЕДИ, Беким Ќоку, по одржаната средба во Собранието помеѓу политичките партии за Изборниот законик.

-Нашата дијаспора не е само дознаки и помош на роднините. За неа не може да се сети само кога испраќа пари. Таа е неразделен дел од нашето општество и секако мора да има можност да биде дел и од политичкото одлучување. Ова ѝ го должиме. Ние не сметаме дека блокадите на опозицијата со илјадници амандмани му служат на овој процес. Граѓаните очекуваат решенија, а не пречки и блокади. Измените во Изборниот законик предизвикаа голема дебата во јавноста овие денови. Дел од оваа дебата се води околу стравот на гласањето на дијаспората наместо да се фокусира на она што е суштинско, како изборниот процес да го направиме подемократски и поинклузивен – рече тој.

Ќоку потенцира дека нашата дијаспора е неразделен дел од политичкиот и општествениот систем на нашата земја. -Таа не е туѓо тело. Затоа, треба да се третира со почит без да се нарушат нејзините политички и граѓански права. За Вреди ова е еден од најважните процеси во рамките на Реформската агенда и приближувањето на земјата кон европските стандарди изјави Ќоку.

Најнови вести од: Македонија

Од утре заеднички полициски патроли на македонски и српски полицајци во Охрид

Во Секторот за внатрешни работи Охрид денеска се одржа работен состанок со полициски службеници од Министерството за внатрешни работи на Србија, кои од утре до 31 август, заедно со припадници на македонската полиција, ќе патролираат низ Охрид во рамки на заеднички полициски патроли

Почнува судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане

Во Основниот суд во Куманово на 9 јули треба да започне судскиот процес против 25-годишниот Т.Б. од Старо Нагоричане, обвинет за повеќе кривични дела поврзани со убиства и обиди за убиство на жени на подрачјето на Општина Старо Нагоричане, соопшти Јавното обвинителство

Вонредни локални избори во селската општина Брвеница, во Тетовско, по смртта на градоначалникот Јовица Илиевски

Владата донесе одлука за престанок на мандатот на неодамна починатиот градоначалник на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, со што се создаваат законски предуслови за за распишување нови избори за градоначалник. 

Утре средба Мицкоски – Кос: Во фокус европската интеграција и реформите

Претседателот на владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, утре, на 8 јули 2026 година во 12 часот и 10 минути ќе ја пречека еврокомесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос.

To top