Македонија

Сиљановска-Давкова пред самитот на алијансата: Посилна Европа – Посилно НАТО

Проширена и обединета Европа е посилна Европа

Во изјавата дадена пред почетокот на 36 самит на НАТО кој се одржува во Анкара претседателката Гордана Сиљановска-Давкова посочи дека најсилната Европа е Европа која живее во мир и демократија базирана на принципи и вредности.

 

„Посилна Европа – Посилно НАТО“ значи проширена и обединета Европа базирана на принципи и вредности, изјави Сиљановска-Давкова.

,,Mотото „Посилна Европа – Посилно НАТО“ според мене значи дека проширена и обединета Европа е посилна Европа. Но, најсилната Европа е Европа која живее во мир и демократија базирана на принципи и вредности. Тоа е мојата порака”, , изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова во кусата изјава за медиумите пред состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, што се одржува во претседателскиот комплекс „Бештепе“ во Анкара.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Судењето против ВМРО (об) од 8-21.1936 во Софија, поради искажувањето македонска свест, дека Македонците се посебен народ, а не Бугари

На денешен ден, на 8 јули 1936 година во Софија започнал првиот судски процес во Бугарија, поради искажување македонска национална свест: судењето против раководителите и членовите на ВМРО (обединета) се одвивало од 8 до 21 јули 1936 година. Тие биле обвинети врз основа на Законот за заштита на државата дека се залагале за насилна промена на власта, но и поради нивниот цврст став дека Македонците не се дел од бугарскиот народ, туку одделна нација. Во текот на судењето обвинетите се изјаснувале како Македонци и ВМРО (обединета) ја претставиле како македонска национална и ослободителна организација. Забраната и судските процеси против организации што пројавуваат македонска национална свест не е новина во бугарското општество. Тоа го покажуваат историските документи и сведоштва.Ова се нагласува во статијата „Првиот судски процес против пројавувањето македонска национална свест“ на весникот „Нова Македонија“.

Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ прво се договараат за Изборниот закон, а потоа го блокираат, иако бил договорен!

„СДС, Левица и ДУИ прво нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик, а ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати сѐ што ќе побараат, само дијаспората да гласа по електронски пат, или по пошта.“ – нагласи портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски.

To top