Бизнис

Независноста е главниот предуслов за успешно спроведување на мандатот на Народна банка

Народната банка ја нагласи својата постојана заложба за унапредување на транспарентноста и отчетноста во работењето, заради дополнително зајакнување на довербата кај јавноста и кај сите засегнати страни.

Независноста на централната банка е главниот предуслов за стабилноста на цените и финансискиот систем и за ефективно спроведување на монетарната политика. Таа е важен фактор за заштита од надворешни влијанија и за одржување стабилна макроекономска рамка, особено во период на светски економски предизвици и европска интеграција. Во овој контекст, во Скопје, на 7 и 8 јули 2026 година, се одржува мисијата на ТАИЕКС (TAIEX – Technical Assistance and Information Exchange), на иницијатива на Европската комисија, посветена на оценување и зајакнување на независноста на Народната банка на Македонија. ТАИЕКС претставува инструмент на Европската комисија преку кој се обезбедува експертска поддршка и размена на искуства преку ангажирање експерти од јавниот сектор на сите 27 земји членки на ЕУ, заради унапредување на усогласеноста со европското законодавство и најдобрите практики во земјите кандидатки за членство во ЕУ.

Мисијата ја сочинуваат Кес Улерсма, раководител на Одделот за меѓународна соработка во Централната банка на Холандија, Вилем Бовенсхен, висок правен советник во Централната банка на Холандија и Ханс Венинк, виш советник за централно банкарство.

Во рамките на мисијата, гувернерот Трајко Славески и вицегувернерите Ана Митреска, Игор Величковски и Фадил Бајрами остварија средба со експертската делегација, на која беа разгледани прашања поврзани со институционалната и финансиската независност на Народната банка, односот со Владата и Собранието, законската рамка којашто ја гарантира независноста, како и јавната перцепција за нејзината улога и ефективност. Посебен акцент беше ставен и на усогласеноста на националната регулатива со правото на Европската Унија, како и на натамошното јакнење на институционалните гаранции во контекст на евроинтеграциите.

Народната банка ја нагласи својата постојана заложба за унапредување на транспарентноста и отчетноста во работењето, заради дополнително зајакнување на довербата кај јавноста и кај сите засегнати страни.

Најнови вести од: Бизнис

Инфлацијата во Македонија во јуни најниска во регионот

Во Македонија годишната инфлација во јуни е 3,4%. Инфлацијата кај храна и безалкохолни пијалоци е 2,5%, а облека и обувки 2,1%. Годишната инфлација во јуни ја зголемуваат алкохолните пијалоци, тутун и наркотици со 9,3% и транспортот со 6,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Грција масовно ќе ископува бакар за да ја снабдува ЕУ, Македонското наоѓалиште во Иловица останува пусто

Грција го проширува своето присуство во геополитички најважниот сектор на критични суровини со уште пет предлози. Тие го опфаќаат целиот вредносен синџир, од рударство до рециклирање, при што три од проектите успешно ја поминале фазата на техничка евалуација.

МЕПСО активирал банкарски гаранции од 3,2 милиони евра против компании од Босна и Хрватска

Од МЕПСО образложија дека активирањето на гаранцијата е затоа што од Далековод не ги завршиле работите со далноводот Скопје- Велес во утврдениот рок, а не побарале ниту негово продолжување. Тоа можело да се направи ако станува збор за рок кој би бил во разумен период. Тврдат дека причина за немање на целосна реализација на проектот се имотно правни проблеми. 

To top