Македонија

Мухамеди: Албанија ги отфрла Албанците од Македонија

Реакција по забраната за влез на двајца пратеници

Адвокатот Умејр Мухамеди остро реагираше на информациите дека на двајца пратеници од македонското Собрание од албанска етничка припадност им бил забранет влез во Албанија, оценувајќи дека случајот ја потврдува неговата досегашна позиција.

Во објава на социјалните мрежи, Мухамеди тврди дека Албанија не гледа никаква поврзаност со Албанците кои живеат во Македонија и упати остри критики кон оние кои, според него, ја омаловажуваат македонската држава.

„Вчера на двајца пратеници од Македонија по етничка припадност Албанци им беше забранет влез во Албанија. Полека сите ќе дојдат на моето: Дека Албанија е спремна дури на сите Албанци од Македонија да им стави забрана бидејќи не сметаат дека имаат било каква поврзаност со Албанците од Македонија. Епа пак плукајте по Македонија… Пак плукајте по знамето, химната, Македонците, пак да си носите знамиња на Албанија итн., итн. Имајте убав ден!“, напиша Мухамеди.

Реакцијата на адвокатот следува по изјавата на пратеникот Беким Ќоку, кој претходно соопшти дека нему, на уште еден пратеник и на заменик-генералниот секретар на Владата им бил забранет влез во Албанија. Како што наведе Ќоку, до денес не добиле официјално образложение од албанските власти за причините зад оваа одлука.

Случајот предизвика значително внимание во јавноста и отвори нови прашања за односите меѓу Албанија и Албанците од Северна Македонија.

Засега од официјалните институции во Албанија и во Северна Македонија нема официјални реакции на најновите случувања.

Албанија ставила на црна листа 60 граѓани на Македонија

Најнови вести од: Македонија

To top