Македонија

СДСМ ги вика на разговор тие што ги обвини дека работат за Мицкоски да се борат против Мицкоски

Ги плукаа дека се аргати на ВМРО-ДПМНЕ а сега ја сменија плочата

 

Извршен одбор на СДСМ заклучил дека единството е најсилно оружје на партијата и ги повика сите групи да разговараат.

 

Во апсурдниот пресврт СДСМ која до вчера ги напаѓаше сите партиски критичари дека се организирани од премиерот Мицкоски сега истите ги вика да се обединат против Мицкоски.

 

Извршниот одбор на СДСМ донесе заклучок јавно да ги повика на дебата во партијата сите поединци или групи – да дискутираат заедно, за како што велат, борбата против криминалната власт на Мицкоски.

Извршниот одбор, како што се наведува во соопштението по партискиот состанок, оцени дека секоја дебата којашто се однесува на СДСМ треба да се води во партијата, пред органите и телата, а не надвор од неа.

,,ИО изрази сериозна загриженост за лошата економска состојба во земјата и влошениот животен стандард на граѓаните, во Буџетот нема пари, власта трупа нови долгови и со ребалансот состојбата со долговите се влошува”, објави партијата.

Кој од слажно обвинетите дека работат за Мицоски ќе одат да разговараат не е целосно јасно.

Најнови вести од: Македонија

Вонвременскиот завет на македонскиот војвода Васил Чакаларов: Ако нам ни се стемни, барем на Македонија да ѝ се раздени!

На денешен ден, на 9 јули 1913 година кај леринското село Бел Камен во Егејска Македонија во борба со грчките војници загинува костурскиот војвода Васил Чакаларов, член на Македонската револуционерна организација (МРО). Под негово водство опстојува најголемата ослободена територија во Македонија по Илинденското востание до 27 август 1903 година. Чакаларов и неговата чета биле гонети од страна на грчките сили. На 4 јули 1913 година во Чеган четата била предадена. Тогаш дошло до судир во кој Чакаларов бил полесно повреден, а четата се поделила на два дела. Наредниот ден таа е растурена. Тој повторно бил ранет, но успеал да стигне до планината Вич на 8 јули. Чакаларов бил ранет во градите при борбата со грчки војници на 9 јули во близина на Бел Камен. Тука тој загинал и грчките војници му ја отсекле главата и ја однеле во Лерин, каде што на сиот глас викале: „Го нема Чакаларов, ја нема Македонија, го уништивме Чакаларов, а со него и сите Чакаларовци!“ Покрај храброста и јунаштвата во неговата револуционерна борба за слободата на Македонија и македонскиот народ, легендарниот македонски војвода Чакаларов ќе остане запаметен и по неговата порака, која е своевиден вонвременски завет за сите македонски поколенија: „Ако нам ни се стемни, барем на Македонија да ѝ се раздени!“

Гаши бара одговори од Тирана: Зошто тројца пратеници од Вреди со дипломатски пасоши биле задржани на Ќафасан?

Претседателот на Собранието Африм Гаши бара одговор од Албанија, а во МНР се очекува да биде повикан албанскиот амбасадор во Македонија, Денион Мејдани, дознава „Слободен печат“ од високи функционери од власта, откако вчера, на пратениците Беким Ќоку и Аднан Азизи, како и на заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани, им бил забранет влез во Албанија. Од Вреди, партијата чии пратеници еден час биле задржани на граничниот премин Ќафасан, иако имале дипломатски пасоши, информираа дека очекуваат официјална Тирана да објасни зошто се задржани функционерите и дали за нив има забрана за влез во Албанија.

Мицкоски: Со блокадата на Изборниот закон Левица прави само театар за мал број на гласачи, кои им веруваат

Премиерот Христијан Мицкоски се уште го чека предлогот на опозицијата за Изборниот законик, со цел тој да биде донесен, а со тоа државата да ги исполни сите од предвидените 10 реформски чекори кои треба да се завршат до средината на месецов, а се од интерес на граѓаните. Пратениците од владејачкото мнозинство, вели, имаат усогласен став дека ќе се прифати секој предлог на опозицијата со вградени препораки на ОБСЕ-ОДИХР и содржано гласање на дијаспората. Она што го прават од опозициската Левица со Изборниот законик, вели, е театар за нивниот мал број гласачи.

Народниот херој Цветан Димов усмртен од бугарскиот фашистички окупатор со фрлање од прозорец по ѕверски измачувања на денешен ден пред 84 години

На денешен ден, на 9 јули 1942 година во Скопје е усмртен народниот херој Цветан Димов од страна на бугарскиот фашистички окупатор. По неколкудневни тешки измачувања и ѕверски тепања, бил фрлен од прозорец од четвртиот кат на Обласната бугарска полициска управа во Скопје од страна на Љубомир Јорданов, началник на групата А на државната безбедност во Обласната полициска управа. Цветан Димов, познат меѓу народот како Целе Чаирчанец, (Скопје, 5 март 1910 [1] – Скопје, 9 јули 1942 ) е македонски комунист, синдикалец, и учесник во НОБ. Заедно со Орце Николов бил еден од најистакнатите организатори на работничкото и комунистичкото движење во Скопје меѓу двете светски војни. По ослободувањето, на 26 јули 1945 година, е прогласен како народен херој на Југославија, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување заедно со Орце Николов, Стеван Наумов – Стив, Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски – Карпош и Кузман Јосифовски – Питу.

Георгиев: Бесниот великобугарски шовинизам е жестока болест на Бугарија со неговото негирање на македонството и македонскиот идентитет!

„Великобугарскиот шовинизам е жестока болест на Бугарија. Тоа не е родољубие, туку бесен национализам, преобразен во манија за величие на една земја во сразмера, трипати поголема од секој нејзин потенцијал, со злоба кон сè небугарско, со болни територијални и национални стремежи, со чудовишно угнетување на националните малцинства внатре во неа. Издигнат во ранг на национална политика, на национална свест и психа, во начин на живеење на сите генерации, великобугарскиот шовинизам десетици години беше темел на буржоаска Бугарија. Анализиран преку сите негови пројави, тој е бугарска идеологија.“ – има напишано бугарскиот универзитетски професор д-р Константин Георгиев од Софија во предговорот на својата книга „Филетизам или проклетство: аспекти на великобугарскиот шовинизам“. Ова е капитален историографски и социолошки труд во два дела. Првиот дел од овој обемен труд е веќе објавен на македонски јазик во 2016 година. Издавачката куќа „Македоника литера“ од Скопје објави на својот фејсбук-профил дека деновиве го испечати вториот дел од студијата на професорот Константин Георгиев.

Најнови вести

To top