Македонија

Евроамбасадорот Михалис Рокас во посета на Кичево

Отворена дискусија со граѓани и средба со локалните власти

Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, денеска ќе ја посети општина Кичево во рамки на иницијативата за информирање на јавноста и приближување на процесот на европска интеграција до локалните заедници.

Посетата ќе започне со официјални средби меѓу амбасадорот Рокас, градоначалникот Александар Јовановски и членовите на Советот на општината.

Дискусиите ќе се фокусираат на придобивките од пристапувањето во Европската Унија, како и на видливото влијание на европската финансиска поддршка врз секојдневниот живот на граѓаните во регионот, соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје.

За време на престојот во Кичево, амбасадорот Рокас ќе се сретне и со претставници на граѓанското општество и ќе учествува во отворена дискусија со граѓаните.

Оваа посета е дел од серијата активности на Делегацијата на ЕУ со цел да се доближи европската агенда до локалните заедници низ целата земја.

Најнови вести од: Македонија

To top