Македонија

Стојаноски: Ќе прифатиме сè што ќе договорат опозициските партии, ако остане гласањето на дијаспората

Стојаноски денеска ја повика опозицијата да постигне договор за измените на Изборниот законик, нагласувајќи дека владејачкото мнозинство ќе ја поддржи секоја варијанта што ќе ја усогласат опозициските партии

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски денеска ја повика опозицијата да постигне договор за измените на Изборниот законик, нагласувајќи дека владејачкото мнозинство ќе ја поддржи секоја варијанта што ќе ја усогласат опозициските партии, сè додека во законското решение е задржано гласањето на дијаспората.

-Сакам да ја потсетам јавноста дека изминатата недела, поточно во саботата, како и оваа недела во вторникот, се одржаа средби на работната група составена од координаторите во Собранието. На состанокот во вторникот излеговме со конкретна понуда за надминување на разликите околу Изборниот законик. Денес е петок, а сè уште немаме никаков одговор на нашата понуда, ниту, пак, е најавена нова средба од страна на опозициските партии, изјави Стојаноски.

Тој потсети дека 15 јули е крајниот рок за исполнување на обврските поврзани со изборните реформи и оцени дека темата е премногу важна за да биде предмет на политички пресметки.

-Понеделник е веќе 13 јули, а крајниот рок е 15 јули. Сметаме дека ова прашање е пресериозно за да се политизира. Во изминатите денови слушнавме различни ставови и предлози од опозициските партии за една изборна единица, финансирањето на политичките партии и други прашања, но наместо јавни препукувања, време е да седнат и да се договорат, рече Стојаноски.

Тој порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе даде безусловна поддршка за секое решение што ќе биде резултат на договор меѓу опозициските партии.

-Сè што ќе договорат ДУИ, СДСМ, Левица, како и блоковите на Зијадин Села и Арбен Таравари и ќе го преточат во законски текст, ние ќе го прифатиме. Доколку се договорат за една изборна единица – ќе прифатиме. Ако се договорат за моделот на финансирање на политичките партии – ќе прифатиме. Ако имаат договор за моделот на поплаки – ќе го прифатиме. Даваме бланко поддршка за сè што ќе предложат, со единствен услов во законското решение да биде вклучено гласањето на дијаспората, истакна Стојаноски.

Според него, има доволно време до 15 јули за да се постигне договор и да се исполнат сите предвидени обврски.

-Повторно апелирам до опозициските партии да седнат и да се договорат. Ние сме подготвени веднаш да го поддржиме нивниот договор, доколку е предвидено гласањето на дијаспората. На тој начин ќе ја исполниме оваа цел и ќе овозможиме нашите иселеници да го остварат своето право на глас, порача Стојаноски.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Владата ги испрати Кривичниот законик и законот за кривична постапка во Брисел на мислење

Министерството за правда на Владата на Република Македонија ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

Претседателот на Уставниот суд на РМ Костадиновски за политичките притисоци: Не смее да ја диктираат правдата

Наша должност е да им одолееме на политичките притисоци и да ја држиме политиката во рамките на правото – порача денеска во Охрид претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој оцени дека Уставниот суд е единствената институција што треба да обезбеди политиката и државните органи да ги почитуваат уставните и законските рамки.

ВМРО ДПМНЕ: Скопје има три големи несреќи – Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДС!

„Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите години: потрошија милионски буџети, а не направија ниту еден проект значаен за граѓаните на Скопје!“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ.

To top