Македонија

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

„За мене промена на Устав и прифаќање на тоа што го прифатила претходната влада не е реформа. Нашиот став е јасен и прецизен – граѓаните од лидерството во македонската влада очекуваат да го заштити македонскиот национален идентитет. Ние тоа го правиме. Нема цена по која можеме да правиме безусловни отстапки“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека Владата е подготвена за разговори и барање конструктивни решенија, но не и за „капитулација“.

„Може да се договараме, може да разговараме, бараме решение, конструктивни сме и така ќе продолжиме, но безусловно јас потпис да ставам на нешто што го прифатила претходната влада, или таканаречената капитулација, додека сум јас ова што сум, тоа не мора да го направам“, рече премиерот.

Мицкоски додаде дека конечниот суд за сето ова ќе го дадат граѓаните на следните избори.

„На крајот од денот ќе дојдат избори, граѓаните ќе го кажат својот збор. Ако мислат дека јас сум погрешил, ќе гласаат за спротивната политичка опција, ние ќе заминеме во опозиција. Јас ќе заминам од политиката, ќе дојдат некои нови лидерства“, изјави тој.

Според премиерот, граѓаните се уморни од национални отстапки без гаранции за исполнување на крајната цел и од неисполнетите ветувања од минатите години.

„Оваа Влада има принципиелен став. Ќе продолжиме со реформите, ќе бидеме први, а ако некој мисли дека оваа држава треба да биде дел од европското семејство, тука сме. Подготвени сме да сториме сè што е конструктивно, а не деструктивно“, порача Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

To top