Македонија

Меџити: И без АА на Таравари имаме доволно пратеници

Владата има стабилно мнозинство таск што и брз пратениците мод АА нн Таравари имаме 13-14 пратеници, изјави претпладнево првиот вицепремиер Изет Меџити и соопшти дека се преговара со пратеници од Европскиот фронт „кои се опозиција и можеби ќе преминат од другата страна“. Соопшти дека деновиве се „во преговори за повеќе политички опции“ за ресорот здравство […]

Владата има стабилно мнозинство таск што и брз пратениците мод АА нн Таравари имаме 13-14 пратеници, изјави претпладнево првиот вицепремиер Изет Меџити и соопшти дека се преговара со пратеници од Европскиот фронт „кои се опозиција и можеби ќе преминат од другата страна“.

Соопшти дека деновиве се „во преговори за повеќе политички опции“ за ресорот здравство по заминувањето на Арбен Таравари „и врз основа на тоа“ ќе дадат нов предлог за министер.

На прашање дали за опциите ќе се разговара само во рамки на ВРЕИ или со премиерот Христијан Мицкоски, Меџити одговори – „мислам и на други поединци, групи, политички субјекти кои се надвор од Влен – во рамки на Европскиот фронт, кои се опозиција и можеби ќе преминат од другата страна“.

На прашање дали Владата има легитимитет кај Албанците по излегувањето на Арбен Таравари, одговори дека Вреди се повикува на „апсолутната победа на 107 илјади гласови“.

„И ниеден од чинителите внатре во Влен не може да каже дека ги има тие 107 илјади гласови в џеб. Затоа што има гласови и опозициски настроени кои излегоа да гласаат за промена и надеж. Премина од другата страна Таравари, но не и целиот политички субјект. Деновиве гледате дека има тензии, има различни размислувања, се отповикуваат видни членови на Алијанса за Албанците и мислам дека грото од членството на Алијанса за Албанците ќе остане во рамките на Влен бидејќи тие придонеле за победата и за овие промени и нема да дозволат заради лични побуди и лични интереси да се враќаат кај Демократската унија за интеграција, истакна Меџити.

За тоа дали вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кадар од партијата на Таравари, ќе остане на функцијата, со оглед дека се уште не најавил оставка, Меџити одговори „добро ја тера работата, успешно придонесува за промените и се надевам дека ќе продолжи“.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

Најнови вести

To top