Македонија

Димитриевски: Македонија треба да биде самоуверена држава која ги штити своите национални интереси

Лидерот на ЗНАМ со порака од караванот во Битола под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, со порака од караванот на неговата партија во Битола под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“.

Европска Македонија не е само политичка цел, туку начин на кој треба да ја организираме државата. Тоа значи институции што функционираат, правда што важи за сите и економија која создава можности за развој. Македонија треба да биде успешна и самоуверена држава која ги штити своите национални интереси и достоинствено чекори кон Европа.

ЗНАМ е создадено од граѓаните и е тука за граѓаните. Нашата сила не е само во политичките функции и институционалната одговорност, туку пред се во довербата што ја добиваме од луѓето. Токму затоа остануваме меѓу граѓаните, да ги слушаме нивните проблеми, да разговараме за нивните потреби и да работиме на решенија што ќе донесат подобар живот. Довербата не се добива со зборови, туку се заслужува со работа, одговорност и резултати што граѓаните можат да ги почувствуваат“, рече градоначалникот на Куманово.

Најнови вести од: Македонија

To top