Македонија

Реконструкцијата на Владата пред пратениците

Ова е прва реконструкција на владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски

Собранието денеска со почеток во 11 часот ќе ја одржи седницата за реконструкција на Владата, на која треба да бидат разрешени и избрани нови министри во осум ресори.

Ова е прва реконструкција на владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски.

Според предложените кадровски решенија:

– Сашо Клековски е предложен за нов министер за здравство. Тој доаѓа од директорската функција во Фондот за здравствено осигурување, каде што треба да биде заменет од Златко Перински.

– Иван Стоиљковиќ ќе го преземе Министерството за локална самоуправа, додека неговото досегашно Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците ќе го раководи Агон Ферати.

– Во Министерството за правда, Јетон Шасивари доаѓа на местото на Игор Филков.

– За министер за земјоделство, шумарство и водостопанство е предложен актуелниот државен секретар Борче Серафимовски, кој ќе го наследи Цветан Трипуновски.

– Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе го преземе досегашниот заменик-министер Ѓоко Велковски, кој доаѓа на местото на Фатмир Лимани.

– Нов министер за култура и туризам треба да биде Седат Сулејмани, кој ќе го замени Зоран Љутков.

– За министер без ресор задолжен за инклузија и спроведување на Стратегијата за Ромите е предложен Ерџан Демир.

Во меѓувреме, владината коалиција се прошири со Демократската партија на Турците, чиј пратеник во изминатиот период настапуваше како независен.

Премиерот Христијан Мицкоски дополнително треба да го соопшти името на кандидатот од оваа партија кој ќе раководи со министерство без ресор

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top