Хроника

Кривични пријави против А.З.(55) и И.М.(32) од Охрид – на 8.7.2026 му продале на С.П. (44) паковка со кокаин, која ја проголтал, пресретнат од полиција, па починал

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.З.(55) и И.М.(32), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение дека А.З. сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а заедно со И.М. сториле кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето“. На двајцата, одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.

-На 08.07.2026 А.З. на второпријавениот и сега починатиот С.П. (44) од Охрид, на улицата „Васил Стефоски“ во Охрид им продал кокаин, а потоа тие со патничко возило „ренџ ровер“ со чешки национални ознаки, управувано од И.М. се упатиле кон булеварот „Туристичка“ во Охрид. Таму биле пресретнати од полициска патрола, при што И.М. не го сопрел возилото на даден знак од полициските службеници туку избегал, а бил сопрен по дополнително преземени активности. Притоа, полициските службеници во возилото го забележале С.П. од Охрид кој проголтал паковка со дрога, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид. Таму, и покрај укажаната лекарска помош, тој починал, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Најнови вести од: Хроника

ОЈО Скопје за „Алта банка“: Предмети отвораме на докази, а не на барања на политички партии – СДСМ му се заканува на Савески!

„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија!“ – се закани СДСМ преку својата портпаролка рече Богданка Кузеска.

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама.

To top