Хроника

Пијан гостиварец „успеал“ вчера да биде уапсен двапати – првин поради ѓурултија на „Галичката свадба“, а потоа и во Гостивар!

Гостиварец вчера двапати бил уапсен пијан. Првпат претпладнето во Галичник, поради агресивно однесување на манифестацијата Галичка свадба, а потоа синоќа во Гостивар, поради нарушување на јавниот ред и ред, во пијана состојба.

Полицајци од Полициското одделение Маврово вчера во 10:45 часот го уапсиле Ѓ.Р. (56) од Гостивар, кој го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување во Галичник, на „Галичка свадба“.

Потоа вечерта бил повторно уапсен, но од полицајци од Гостивар. Му ставиле лисици на рацете во 20:40 часот, на ул. „Браќа Ѓиновски“ затоа што го нарушувал јавниот ред и мир.

По извршеното алкотестирање, кај него биле констатирани 1,75 промили алкохол во крвта.

СВР Тетово најавува пријави по целосно документирање на инцидентите.

Најнови вести од: Хроника

Тошковски во посета СВР Тетово: „Безбеден град“ дава резултати, три жртви во сообраќајот наспроти девет минатата година

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Тетово оствари средба со ректорот и раководството на Државниот универзитет во Тетово. Потоа во Секторот за внатрешни работи Тетово разговараше со раководството за безбедносната состојба, проблемите и резултатите од работењето.

To top