Свет

САД ќе го контролираат Ормускиот Теснец и ќе наплаќаат со 20 отсто од товарот, најави Трамп!

Американскиот претседател со целосно спротивна изјава од таа пред еден месец, кога вети бесплатна пловидба низ мореузот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД треба да ја преземат контролата врз Ормускиот Теснец, да ја осигураат безбедноста на пловидбата и да им наплаќаат на другите земји за тоа, што е спротивно на она што го кажа пред само еден месец.

„Ќе го задржиме теснецот и веројатно ќе управуваме со него. Ќе станеме чувари на теснецот. Можеби ќе се наречеме ангел чувар на теснецот и треба да бидеме платени за тоа“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз.

Тој додаде дека САД не можат да ја работат оваа работа бесплатно и дека земјите што имаат корист од безбедното минување треба да му ги надоместат трошоците на Вашингтон.

„Ќе го заштитиме и ќе бидеме добро платени за тоа“, рече Трамп.

Подоцна тој се огласи на социјалната мрежа „Truth Social“ за да објави дека САД ќе наплаќаат за користење на теснецот „по стапка од 20 отсто на целиот товар што се испраќа“.

„Ормускиот Теснец е отворен и ќе остане отворен, со или без Иран. Повторно ја воспоставуваме иранската блокада, така наречена затоа што им оневозможува на иранските бродови или клиенти да влегуваат или излегуваат. Сите други земји ќе имаат фер и отворена употреба на теснецот. САД, отсега, ќе бидат познати како ‘чувари на Ормускиот Теснец’, но како такви и од причини на праведност, ќе им биде надоместено по стапка од 20 отсто од целиот товар што се испраќа, за сите трошоци потребни за да се овозможи безбедност и сигурност во овој многу нестабилен дел од светот. Процесот и формирањето ќе започнат веднаш“, рече Трамп.

Оваа изјава е во спротивност со она што тој го кажа пред само еден месец, кога инсистираше дека САД, во согласност со мировниот договор потпишан со Иран, ќе го отворат повторно Ормускиот Теснец „бесплатно“.

„Тоа е меѓународен воден пат. Ниту една земја не смее да наплаќа патарини или такси на меѓународен воден пат. Тоа е важечко меѓународно право“, рече тогаш американскиот државен секретар Марко Рубио.

Најнови вести од: Свет

Лаен ја покани Канада да се приклучи кон ЕУ како прва придружна членка

Германската политичарка нагласи дека Канада и ЕУ мора „итно да ги редефинираат“ своите односи. „Затоа сакам да соработувам со вас за да ја отвориме вратата за Канада да стане првата придружна членка на ЕУ“, му рече таа на канадскиот премиер Марк Карни, кој во моментов води еден вид трговска војна со администрацијата на Трамп.

Како Кина се подготвува за ризикот вештачката интелигенција да избега од човечка контрола?!

Нов технолошки судир меѓу Кина и САД: Во фокусот контролата врз вештачката интелигенција. Но до каде оди човештвото, што се може да се поремети?! Предупредувањата од Антропик“ истражувачите во водечкиот американски развивач на вештачка интелигенција, дека сè помоќните модели би можеле да избегаат од човечка контрола, па дури и да доведат до истребување на човечката раса, го привлекоа вниманието во Кина каде креаторите на политики се подготвуваат за некои од истите ризици, објави „Ројтерс“.

Најнови вести

To top