Македонија

„Плус инфо“: Падна наместениот политички случај против ВМРО ДПМНЕ – Груевски доби ослободителни пресуди за „Талир 1“ и „Талир 2“

Поранешниот премиер Никола Груевски доби ослободителни пресуди во предметите „Талир 1“ и „Талир 2“, со што по речиси една деценија се затвораат едни од најекспонираните случаи поврзани со финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Претходно падна и предметот „Талир 1“, во кој Груевски беше обвинет за незаконско финансирање на партијата. И во тој случај Основниот кривичен суд донесе ослободителна пресуда. Ова го објави информативниот портал „Плус инфо“.

Натаму порталот истакнува: Судот оцени дека обвинителството не успеало да ги докаже обвиненијата надвор од разумно сомневање. Беше одбиено и барањето за конфискација на партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ. Во „Талир 2“, Основниот кривичен суд Скопје го ослободи Груевски од обвинението за злоупотреба на службената положба поврзана со изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата воопшто не беше обвинета во оваа постапка, а се бараше конфискација на нејзиниот имот.

Судот образложи дека по измените на Кривичниот законик од 2023 година, обвинението било изменето. Според судот, обвинителството не успеало да докаже дека делото било сторено со „пречекорување на овластувањата“ и „неизвршување на службената должност“, како што бара новата законска формулација.

„Законот за изменување и дополнување на КЗ, објавен во Сл.в.бр.188/23, беше извршена промена во инкриминираните дејствија, кои го содржат битието на предметното кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување, според кој, “искористувањето” како дејствие на извршување беше декриминализирано, а како последица на тоа беше извршена и измена на обвинението, па така “искористувањето” беше заменето со “пречекорување на овластувањата и неизвршување на службената должност” како дејствија на сторување на делото, а покрај тоа беше вметната и “намерата” како посебен субјективен елемент на делото. И покрај ваквите наизглед минорни измени, кои се состојат во само 2 елементи на битието на делото, сепак истите од правно-релевантен аспект суштински го менуваат обвинението. Меѓутоа, обвинението сепак остана да се заснова на истите докази, од кои беа утврдувани фактите како и при претходно поставената изрека на обвинението, а останаа и истите заклучоци и истата теорија на обвинението, сублимирани на ист начин и во завршните зборови на застапникот на обвинението“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Судијката Даниела Алексовска при објавата на пресудата посочи дека во случајот морале да се земат предвид измените на Кривичниот законик од 2023 година, поради кои претходно беше укината првостепената пресуда. – Иако беа направени измени на обвинението промени во доказите и фактите изнесени пред судот немаше. Судот цени дека обвинителството не докажа надвор од разумно сомневање дека обвинетиот Никола Груевски сторил пречекорување на службената должност – изјави Алексовска. Во оваа ситуација Судот, посочи таа, во целост го прифатил ставот на Апелацискиот суд, а тоа е дека измените на КЗ се во директна корист на обвинетиот, објави „Плус инфо“.

Најнови вести од: Македонија

Условна казна затвор од една година за поранешната претседателка на ДКСК Татјана Димитровска, поради оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат

Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, изрекувајќи ѝ единствена условна казна затвор од една година за кривичните дела одавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Судот ја прогласи Димитровска за виновна за одавање службена тајна, за што ѝ утврди […]

Презирот на македонските херои кон смртта во битката на Ножот на 14.7.1907, една од највеличествените страници на македонската историја по Илинденското востание

„Никој не смее да ги допре и да ги нагрди хероите! Гледате ли како комитите ја презираат смртта? Се борат и умираат како херои!“ – со овие зборови мајорот Енвер-беј, кој командувал со многубројната турска војска во легендарната битка со македонските комити на 14 јули 1907 година на планинскиот врв Ножот кај прилепското село Ракле, им оддал почит на саможртвениците за слободата на Македонија и македонскиот народ. Тој трагичен јулски ден во 1907 година штамата завладеја на Ножот, откако последните преживеани македонски комити се самоубија со последните куршуми и со активираните бомби, кои им преостанаа, за да не паднат во рацете на турскиот аскер. Битката на Ножот е од најнерамноправните и најкрвавите битки во историјата на Македонија по Илинденското востание, но е и една од многуте во македонската национална историја на непокорот, буните и востанијата против поробителите.

Апаратите на Samsung со AI Energy Mode заштедија 6,113 енергија во домаќинствата во Македонија во 2026 година, што е еквивалентно на перење 555,730 фудбалски дресови

Европските сознанија за заштеда на енергија од SmartThings покажуваат како апаратите со вештачка интелигенција им помагаат на потрошувачите да ја намалат потрошувачката на енергија без да се загрозат перформансите

Народниот херој Благоја Јанков-Мучето, убиен пред 82 години од страна на бугарскиот фашистички окупатор

На денешен ден, на 14 јули 1944 година бугарскиот окупатор го открил скривалиштето на народниот херој Благоја Гане Јанков-Мучето во една куќа во Струмица и го убил откако овој се вдал во бегство низ градските улици. Претходно бугарскиот воен суд го осудил на смрт во отсуство и издал потерница со награда за него. Благоја Јанков – Мучето бил организатор на првите отпори против бугарските окупаторски власти во Струмица.

Никовски: СДСМ, кој ја распродаде Македонија, се плаши од иселеништвото, оти знае дека масовно ќе гласа за ВМРО ДПМНЕ, затоа го блокира Изборниот закон!

„СДСМ има зошто да се плаши и сето ова што го зборува околу недовербата во електронското гласање на ислелениците или по пошта е само затскривање на вистинскиот мотив за нивното противење на гласот на дијаспората и блокирање на новиот Изборен законик, посочи поранешниот амбасадор Ристо Никовски во интервју во емисијата „За или против“ за ТВ Алфа.

Мицкоски: Пратеникот Филипче никаде го нема во Собранието во расправи за прашања, суштински за државата, а го има секаде, за да ја блокира на патот кон ЕУ!

„Венко Филипче го нема никаде кога треба да се дискутира и разговара за разни прашања кои ги засегаат граѓаните и државата. Тој како пратеник, кој зема плата од даноците, што ги плаќаат македонските граѓани, не зел збор за ниту една суштинска расправа во Собранието, не учествувал безмалку на сите седници наменети за пратенички прашања.“ – нагласува премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Најнови вести

To top