Македонија

Претседателката во Тетово беше дел од приказна за традицијата, младоста и современиот дух

Израз на меѓусебно почитување и разбирање

Македонската вечер во рамки на „Тетово прославува – Тетовско културно лето 2025“ уште еднаш покажа дека културата зборува на јазикот на соживотот, порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова по вчерашната посета на Тетово.

 

,,Идејата да се одржуваат македонска, албанска, турска и ромска културна вечер е за поздравување, како неспорен израз на меѓусебно почитување и разбирање.

 

Преку играта на КУД „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце, енергијата на The Nameless Trio, гласот на Лозано, како и тетовскиот рапер Никола Трпески S.A.M. Тетово раскажа приказна за традицијата, младоста и современиот дух”, објави претседателката Гордана Сиљановска Давкова која упати благодарност до градоначалникот Билал Касами за поканата и до сите уметници коишто придонесоа за ова уникатно доживување.

Најнови вести од: Македонија

Нa меѓународниот ден на детото, ученици пред собранието со настап против насилство во училиштата

На Меѓународниот ден на детето, 1 Јуни, пред Собранието на Македонија се одржа изведба на социјален танц театар на тема насилството во училиштата, подготвен и изведен од ученици од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје и СОУ „Гостивар“ од Гостивар, во организација на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ – Програма за мировно образование.

To top