Регион

Рама: Урсула да не ги заборави „децата“ кои бараат влез во ЕУ

Албанскиот премиер рече дека „децата на Урсула“ се седумте кандидати кои активно преговараат за членство во ЕУ, имено Албанија, Црна Гора, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Украина и Молдавија

 

Урсула фон дер Лаен „мора да ги задржи земјите кандидати собрани околу заедничка маса, за да не паднат под влијание на Русија или Кина“, изјави албанскиот премиер Еди Рама во интервју за Еуроњуз Србија,

Албанскиот премиер рече дека „децата на Урсула“ се седумте кандидати кои активно преговараат за членство во ЕУ, имено Албанија, Црна Гора, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Украина и Молдавија.

Зборувајќи за односите со Русија, албанскиот премиер Еди Рама нагласи дека Албанија практично нема никаква соработка со Русија, потсетувајќи на историскиот факт дека немало официјални посети на високо ниво меѓу Тирана и Москва од 1960 година, додавајќи дека на Албанија не ѝ недостасуваат таквите контакти.

Албанскиот премиер се осврна и на улогата на Владимир Путин, заклучувајќи дека потезите на рускиот претседател ѝ помогнале на Европската Унија да стане похрабра, а на НАТО алијансата да стане посилна. МКД.Мк

Најнови вести од: Регион

Кривична пријава против Еди Рама и Бленди Гонџе за издвоените пари за концерт

Според пријавата, Рама и Гонџе се товарат за кривични дела „Злоупотреба на службена должност“ и „Повреда на рамноправноста на учесниците во тендери или јавни аукции“, извршени во соработка.

To top