Славјето по полуфиналниот триумф во кој Аргентина во спектакуларен прерсврт ја победи репрезентацијата на Англиија отвори нова контроверзија, откако дел од аргентинските репрезентативци испратија политичка порака на теренот.
Џовани Ло Селсо по натпреварот се појави со транспарент на кој пишуваше: „Малвини (Фокландските Острови) се Аргентина“. Набрзо му се придружија и неколку соиграчи, меѓу кои и капитенот Лионел Меси, додека навивачите на трибините со воодушевување ја поздравија пораката.
Фокландските Острови, кои Аргентина ги нарекува Малвини, се британска прекуморска територија, но Буенос Аирес со децении го оспорува британскиот суверенитет. Во 1982 година двете држави водеа кратка, но крвава војна, која заврши со победа на Велика Британија, а односите и денес остануваат чувствителни.
Според дисциплинските правила на ФИФА, на терените не се дозволени политички пораки, без разлика на начинот на кој се истакнуваат.
Сега сè е во рацете на ФИФА, која треба да одлучи дали ќе постапи строго според дисциплинскиот правилник или ќе се одлучи за поблаг пристап за да избегне дополнителни тензии непосредно пред финалето на Светското првенство, пишува СпортМанија
🇦🇷🏴 El jugador argentino Lo Celso saca una pancarta que pone “Las Malvinas son argentinas” en la celebración de la victoria de la selección argentina contra Inglaterra pese a la prohibición de la FIFA de meter pancartas políticas. pic.twitter.com/PtIeA71VGu
— 🇪🇦PATRIAM TV🇪🇦 (@patriam_tv) July 15, 2026