Бизнис

Дали кон кајот на годинава ќе почне изградбата на брзата пруга на Коридор 10?!

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вети јавна презентација и на финансирањето на пругата.

Одлично се одвива подготовката за изградба брзата пруга на Коридор 10, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој рече дека сега следуваат јавни презентации за студиите по што ќе подготват договорите за финансирање и за изведба и презентација на условите за финансирање пред Собранието. Николоски потврди дека рокот за старт на работите останува  крајот на годината.

  • Изработката на еколошката  студија и на студијата за влијание  врз социјалната средина е готова. На почеток на август ќе има јавни презентации, ќе има најмалку четири – во Скопје, Велес, Демир Капија и во Гевгелија  каде што ќе може локалното население да се запознае. Се работи навистина за квалитетен документ од скоро 1600 страници којшто ги опфаќа сите аспекти. После тоа на него се прави ревизија, односно се вклучуваат коментарите на локалното население и согласно договорот којшто го имаме, до 31-ви август оваа работа треба да биде завршена, по што би влегле во конкретизирање и пишување на договорите за финансирање на проектот и за изведба на проектот. Се е според планот како што најавив – изјави Николоски.

Прашан за детали околу финансирањето, укажа дека согласно со домашните закони условите ќе бидат  јавно презентирани во Собранието и оти дотогаш не може да се споделуваат со јавноста.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

Најнови вести

To top