Спорт

Финалето на Светското првенство под ризик од одложување

Американскиот закон наложува прекин при удар на гром во близина

Финалето на Светското првенство, закажано за недела во 21 часот во Њу Џерси, се соочува со ризик од одложување поради прогнозирани грмотевици и бури.

Според американските правила, во случај на удар од гром во радиус од 13 километри од стадионот, натпреварот мора да се прекине најмалку половина час. Вакви ситуации веќе се случиле двапати на овој турнир.

Учесници во финалето се Шпанија и Аргентина, додека за третото место ке играат Франција против Англија.

Целосното одложување на финалето би претставувало огромен организациски и финансиски удар за ФИФА. Покрај трошоците за реорганизација, осигурување, персонал и инфраструктура, тоа би предизвикало проблеми и за телевизиските мрежи, огласувачите и спонзорите.

Ако дојде до најлошото сценарио, тоа би било првото финале на Светското првенство што ќе биде одложено. 25-минутната пауза на полувремето веќе предизвика контроверзии кај навивачите, а потенцијалното одложување на финалето е уште помалку пожелно.

Организаторите и метеоролозите внимателно ја следат состојбата, а конечната одлука ќе зависи од временските услови во моментот на натпреварот.

Најнови вести од: Спорт

To top