Македонија

Претседателката на Индија Дроупади Мурму доаѓа во официјална посета на Македонија

Прва таква посета од независноста на земјава

На почетокот од идната недела, претседателката на Индија, Дроупади Мурму, ќе престојува во дводневна официјална посета на Македонија. Информацијата е потврдена од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и од Министерството за надворешни работи.

Мурму моментално е на мини-турнеја низ Европа, во рамките на која првично беа планирани посети на Молдавија и Романија, но по дипломатски активности и лобирање, во нејзината агенда е вклучена и Македонија.

Посетата е пред сè економска и стратешка. Индија, под водство на претседателката Мурму и премиерот Нарендра Моди, активно ја проширува соработката со европските земји, особено во областа на информациските технологии, обновливите извори на енергија, автомобилската индустрија, дигиталните технологии, вештачката интелигенција, како и во научната и образовната размена.

За време на престојот се очекува да се потпишат повеќе меморандуми за соработка, а ќе се разговара и за зајакнување на културните врски и соработката со индиската дијаспора во Македонија.

Индиската претседателка, исто така, најверојатно ќе ја побара поддршката на Македонија за реформи во Обединетите нации, особено за добивање постојана позиција во Советот за безбедност.

Оваа посета ќе биде прва официјална посета на индиски претседател на Македонија од нејзиното стекнување на независноста. Дроупади Мурму е втората жена на чело на најнаселената држава во светот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

To top