Македонија

Сомнежи на полицијата: ЈП „Водовод“ и општина Гостивар со три пумпи вбризгувале отпадни води во гостиварскиот водовод и го загрозиле здравјето на граѓаните!

Инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, вчера попладне постапувајќи по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, презедоа итни мерки и активности на терен во село Вруток, поради сомневање за загадување на водата со која се снабдува градот Гостивар. – Постојат основи на сомневање дека Јавното претпријатие „Водовод“, во соработка со Општина Гостивар, поставило три пумпи во корито на истечни отпадни води, преку кои се вбризгувала вода директно во главниот цевковод што го напојува градот. Оваа активност најверојатно била преземена со цел да се зголеми притисокот во мрежата поради недостиг на питка вода, со што директно се загрозува здравјето на граѓаните на Гостивар, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, поради сомнение за сторено кривично дело „загадување на вода за пиење“, предвидено и казниво по член 219 од Кривичниот законик. Во расчистувањето на овој случај, покрај полицијата и обвинителството, веднаш се вклучија и Институтот за јавно здравје, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за животна средина, како и лиценциран вештак кој треба да изврши стручна процена на незаконски поставениот систем.

По појавата на зголемен број на граѓани кои изминативе десетина денови се жалеа на стомачни тегоби, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) побара да се спроведат вонредни контроли на водата за пиење која се дистрибуира во градскиот водовод. Од одделението за хигиена и здравствена екологија при центарот за Јавно здравје, ПЕ Гостивар, потврдија дека вчера е спроведена вонредна контрола и дека се земени примероци од четири мерни места.


-Што се однесува до водата и поради ситуацијата, направивме, покрај редовните и вонредни анализи. Последните резултати од анализите што ги направивме од понеделникот беа добри, односно физичко-хемиски и микробиолошки беа во ред. Вчера зедовме уште некои вонредни анализи, меѓутоа за нивните резултати треба да почекаме до утре или евентуално до понеделник. Така што, во моментов не можеме ништо конкретно да кажеме за нив, изјави за МИА, д-р Берун Мустафа, специјалист по хигиена од Центар за јавно здравје Гостивар.

Од општата болница „Ферид Мурад“ потврдија дека во инфективното и детското одделение има зголемен број на прегледи и граѓани кои се жалат на пролив, болки во стомакот, повраќање и зголемена температура.

Најнови вести од: Македонија

Уапсен А.М.Б. (41) од Англија, мавал со камења кон даночни контролори кај „Камени кукли“, сопруг е на кратовката, која го узурпираше јавниот локалитет, барајќи пари за влез

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 41-годишен британски државјанин поради сомнение дека го сторил кривичното дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“, соопшти Обвинителството. Вчера околу пладнето полициски службеници од ОВР Кратово го лишиле од слобода А.М.Б. (41) од Велика Британија. Јавноста пред неколку месеци сведочеше за случајот во кој токму на овој локалитет, жената од Кратово нелегално барала наплата на влезници, узурпирајќи го јавниот локалитет. Британецот е сопруг на оваа кратовка.

Мицкоски: На 15 јули на ЕУ ѝ е доставен документ со целосно исполнети обврски! – Реформите продолжуваат и покрај блокадите на изборниот закон!

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски соопшти дека на 15 јули на Европската Унија ѝ е доставен документ со целосно исполнети и означени обврски, со што, како што вели, уште еднаш покажавме дека реформскиот процес го водиме одговорно, транспарентно и со јасна посветеност кон исполнување на европската агенда.

Банов: Ревизорите за 2024 година, утврдиле дека ПОЦ отпишала над 3 милиони денари долгови

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да отвори предмет по допрен глас за работењето на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“

Манасиевски: Коалицијата СДС-Левица-ДУИ го спречи изборниот закон, за да глумат жртви и да имаат алиби за следните избори, кои историски ќе ги загубат!

„Опозицијата доби бланко-лист за исполнување желби за изборниот закон, но го одбија, за да глумат жртви. Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ сметаат дека тоа ќе им донесе политички поен повеќе.“ – соопшти портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски.

Најнови вести

To top