Македонија

Николоски: Ја пуштивме обиколницата Западен Булевар во Гевгелија

Проектот е вреден над 2, 5 милиони евра, истиот се реализираше во три фази

Многу работа и нови инфраструктурни проекти за општините во наредниот период најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој денеска се обрати на настанот пуштање во употреба на новата обиколница – Западен Булевар во Гевгелија.

Проектот е вреден над 2, 5 милиони евра, истиот се реализираше во три фази, а третата фаза е финансирана од Министерството за транспорт во висина од преку 500 илјади евра. Обиколницата е во должина од 1, 2 километри со две коловозни ленти.

Во своето обраќање вицепремирот Николоски истакна дека централната власт во контуниутет дава силна поддршка за развој на општините.

-Драго ми што се отвори овој Булевар, со него ќе се отвори нов дел од градот. Го следевме овој проект во текот на целата реализација, бевме во координација со гардоначалникот и еве драго ми е што овој проект се завршува. Имаме тековни уште неколку проекти што заеднички ги следиме. Јас сакам да најавам три нови проекти затоа што нашата работа не завршува, цело време имаме нови и нови работи кои што ги правиме. Со подршка на Министерството за транспорт во моментов има активен повик за избор на Изведувач кој што ќе работи во населените места Моин, Богородица и Прдејци и таму ќе видиме нови улици и инфраструктурни зафати кои ќе значат многу. Очекувам некаде до средина на август да избереме Изведувач и од септември да ги видиме машините на терен. Нека е аирлија, истакна вицепремиерот Николоски.

На општина Гевгелија преку двата повици за инфраструктурни проекти преку Министерството за транспорт и се одобрија проекти за реконструкција на улици во општината. Исто така со средства преку Министерството се реализираат и проекти во комуналната инфраструктура.

На настанот се обратија и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за локална самоуправа Пирински и градоначалникот на општина Гевгелија, Сарамандов.

Во рамки на посетата на Гевгелија, тие извршија увид во реализација на неколку инфраструктурни проекти што ги реализира општината во соработка со централната власт.

Најнови вести од: Македонија

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

Утре, 11 септември, во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско- музичкиот фестивал „Taste the South“. Во текот на три фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи, вина, музика и програма наменета за сите генерации

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

Најнови вести

To top