Македонија

По големиот интерес “Луција” на Лилјана Грџо Дамовска ќе добие продолжение

Продолжение по речиси распродадениот тираж на, за Македонија и македонската жена 40+ исклучително важно дело

Романот “Луција” на новинарката Лилјана Грџо Дамовска во издание на ,,Сакам книги” наскоро ќе добие свое продолжение.

Големиот интерес на читателите за судбината на главниот лик, Луција e мотив Дамовска да ја продолжи приказната за жената борец, за храброста да се направат различни избори и нови животни почетоци.

Книгата беше промовирана на последниот Саем на книгата што се одржа на крајот на април во Скопје и како што дознава expres.mk за неполни три месеци целиот тираж е речиси распродаден.

Во еден поширок контекст, “Луција” е важен роман затоа што отвора нова страница во македонската проза за жената по четириесеттата, лик кој досега ретко добивал комплексен книжевен третман. Таа не е ни мит, ни жртва, ни карикатура, туку човечна, интелигентна и чувствителна личност која повторно го освојува својот простор во светот.

Во таа смисла, романот на Дамовска може да се чита како дел од една нова, зрела женска проза која се движи помеѓу интимната исповед и општествената критика, меѓу другото напишаа критичарите.

Дамовска е дипломиран новинар, магистер по културолошки студии, колумнист, коментатор, која целиот работен и животен век го посвети на новинарството и на афирмација на културните вредности.

Беше уредник во најтиражниот дневен весник Дневник, главен уредник на реномираниот магазин Теа модерна, творец и главен уредник на списанието Леона, помошник на главниот уредник во весникот Вечер, уредник на специјализирани додатоци и прилози, на издавачка програма и друго.

Колумните со наднаслов ,,Огледало” со години беа критичкото огледало на културни, социјални и општество-политички појави и настани, а дел од нив се објавени во книгата Светска женска (2015).

Автор е на неколку стотици интервјуа со значајни личности од земјава и странство. Силен поддржувач е на културниот активизам, инициjатор на неколку фестивали, на здруженија, востановување на награди (Актер на годината) и признанија за заслужни уметници од различни области на културата.

Луција е нејзин прв роман.

Најнови вести од: Македонија

„Дали ти изгледам како идиот?!“ – сопственикот на „Авалон“ кон новинарка, која праша колку ќе чини концертот на Дејвид Гета

Дали ти изгледам јас како идиот? Вака сопственикот на „Авалон продукција“ Бобан Милошески, ѝ се обрати на новинарка, која на денешната прес-конференција го праша зошто досега не е објавено во јавноста колку ќе чини настапот на Дејвид Гета. Ова го објави порталот „360 степени“

Во основните училишта во Гази Баба државна химна пред наставата секој понеделник – Стефковски: Македонија е сѐ што имаме!

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски преку својот профил на Фејсбук ја образложи одлуката за воведување на оваа практика во училишните клупи.

Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати долг од околу 8 милијарди евра, направен од власта на СДС и ДУИ, а не се знае за што ги потрошија!

„Кога СДС зборува за задолжувањето мора да се потсетиме на многу важен факт: во следните неколку години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра, земени кога беа на власт СДС и ДУИ. Не се создадени вчера долговите, што треба да ги враќа Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денес и во следните години.“ – нагласи Билјана Кузманоска, пратеничка од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста. 

Сиљановска-Давкова: Заветот од АСНОМ не’ обврза каква држава да создадеме

Дрржава не се гради само со демократските избори и со конституирањето на институциите, туку со градење на функционални институции, со одбрана и заштита на човековите права и со почитување на највисоките стандарди, не само на домашното туку и на меѓународното право, порача претседателката на Македонија

Најнови вести

To top