Македонија

Хаос на границата со Грција: Седум ленти преполни, возачи велат дека со часови чекаат, застој во меѓуграничниот простор

Километарски колони од возила се создадени утрово на граничниот премин „Богородица“ кон Грција, каде што сите седум коловозни ленти се исполнети со автомобили кои чекаат за излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, додека на преминот „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е околу 20 минути.

На другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top