Свет

Цената на нафтата падна по сигналите од Иран за можни нови преговори со САД

Ормутскиот Теснец е една од најважните светски рути за транспорт на енергенси. Пред избувнувањето на конфликтот низ него се транспортираа околу 20 проценти од глобалните резерви на нафта, поради што секое нарушување на сообраќајот предизвикува стравувања од недостиг и раст на цените.

Цените на нафтата во понеделникот ги загубија претходните добивки откако иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека преговорите со Соединетите Американски Држави би можеле да продолжат доколку бидат засновани врз националните интереси на Иран. Инвеститорите изјавата ја протолкуваа како сигнал дека дипломатските напори може повторно да бидат активирани.

Фјучерсите на суровата нафта од типот „брент“ се намалија за 0,18 проценти, на 87,94 долари за барел, откако претходно достигнаа 91,42 долари, што беше највисоко ниво од 11 јуни. Американската нафта WTI поевтини за 0,82 проценти, на 81,81 долар за барел, откако во текот на тргувањето достигна 85,39 долари, највисока цена од 12 јуни. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека посредници во изминатите денови доставиле нови пораки до Техеран, но не откри детали за содржината на предлозите.

Сепак, загриженоста за снабдувањето со нафта останува поради значително намалениот бродски сообраќај низ Ормутскиот Теснец. Според податоците на LSEG, во неделата низ теснецот поминале само четири брода, во споредба со осум претходниот ден.

Цените на нафтата претходно пораснаа поради интензивирањето на судирот меѓу САД и Иран и стравувањата дека транспортот преку Ормутскиот Теснец ќе остане нарушен. Соединетите Американски Држави деветта ноќ по ред извршуваа напади врз Иран, додека Кувајт и Бахреин пријавија нови ирански напади.

Ормутскиот Теснец е една од најважните светски рути за транспорт на енергенси. Пред избувнувањето на конфликтот низ него се транспортираа околу 20 проценти од глобалните резерви на нафта, поради што секое нарушување на сообраќајот предизвикува стравувања од недостиг и раст на цените.

Најнови вести од: Свет

Речиси половина од Германците се за укинување на помошта за Украина

Дури 49 отсто, сакаат да се намали или целосно да се укине помошта за Украина, покажуваат резултатите од анкетата што денеска ги објави агенцијата за истражување на јавното мислење „Југов“, спроведена за германскиот неделник „Велт ам Зонтаг“

Трамп објави кои му се пријатели!

Истовремено објави две фотографии — на едната се прикажани Јосиф Сталин, Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил како седат на веранда, а на другата се Путин, Си и Трамп како позираат стоејќи — и пропратен со натписот: „Големите сили — 1945, 2026“

Aмериканските технолошки акции потонаа – најлоша недела од кризата со Kовид-19

Инвеститорите повеќе не предвидуваат целосно зголемување од четвртина поен на состанокот на Федералните резерви во декември, неколку дена откако гувернерот Кристофер Волер шпекулираше дека централната банка би можела да испорача џамбо зголемување од 0,5 процентни поени.

To top