Македонија

Силното невреме го поплави и Меѓународниот аеродром „Скопје“ (ВИДЕО)

Засега нема информации за прекин на летовите

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје не го поштеди ниту Меѓународниот аеродром „Скопје“. Поројниот дожд предизвика поплава во дел од аеродромскиот терминал и во просториите низ кои се движат патниците.

На видеоснимки објавени на социјалните мрежи јасно се гледа како дождовницата навлегла во терминалот, при што водата се разлева по подот, а присутните патници се обидуваат да ги избегнат поплавените делови.

Поплавувањето на аеродромот се случува во време кога невремето предизвика сериозни проблеми низ целиот главен град – паднати дрвја, откорнати кровови, оштетени возила, прекини во електроснабдувањето и отежнат сообраќај на повеќе локации.

Засега нема официјални информации од управата на аеродромот дали поплавата предизвикала прекин или доцнење на летовите, како и дали е направена материјална штета во терминалот.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top