Македонија

Претседателките на Македонија и Индија на свечено откривање спомен биста на Махатма Ганди

Откривањето на споменикот на овој духовен водач на индиската борба за независност претставува траен симбол на вредностите што ги обединуваат народите и поттик за натамошно зајакнување на пријателството меѓу Македонија и Индија

Спомен бистата е откриена во време кога во посета на земјава е Претседателката на Индија, Драупади Мурму денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски присуствуваше на церемонијата во Музејот на град Скопје каде беше откриена спомен-биста на Махатма Ганди, јави МИА.мк

„Махатма Ганди ѝ припаѓаше на Индија, но неговата порака му припаѓа на целото човештво. Неговиот живот покажа дека вистината и ненасилството не се знаци на слабост, туку моќни инструменти за обезбедување правда, слобода и достоинство“ рече претседателката Мурму.

Нагласи дека во време на конфликти, нетолеранција и поделби, вербата на Ганди во дијалогот, сочувството и мирниот соживот останува актуелна и денес.

„ Се надевам дека посетителите на овој музеј, особено младите луѓе, ќе застанат пред неговата биста и ќе ја почувствуваат пораката на Ганди. Нека ги инспирира да ја отфрлат омразата, разликите да ги решаваат на мирен начин и да му служат на општеството со храброст и емпатија“, истакна индиската претседателка.

Од своја страна, претседателката Сиљановска-Давкова со порака дека промената што сакаме да ја видиме во светот треба да започне токму од нас самите.

„Веројатно најважното наследство што го остави Ганди е идејата за ненасилно самоопределување како право на луѓето да одлучат за нивната судбина и иднина, но исто така и слобода да ги организира животите во согласност со нивната сопствена волја. Оваа желба за слобода е вековен идеал на индискиот, но и на македонскиот народ“, нагласи Сиљановска-Давкова.

Градоначалникот на Скопје нагласи дека настанот има посебна симболика бидејќи се случува во Скопје, градот во кој е родена Света Мајка Тереза.

„ Махатма Ганди и Мајка Тереза својата мисија ја остварувале на различни начини, но нивните животи ги поврзува една универзална порака – дека човечноста, љубовта, сочувството и несебичната грижа за другите се најголемата сила што човекот ја поседува“,  рече Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

Повеќе пари за земјоделците, за учениците и студентите, за здравствената заштита, спортот

Министерството за финансии соопшти дека во дополнетиот ребаланс се вградени амандманите усвоени по комисиската расправа во Собранието, а предлогот ќе биде доставен до пратениците на усвојување

Друпади Мурму заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се обратат на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди.

По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму ќе се упатат кон Охрид, кадешто ќе го посетат манастирскиот комплекс Свети Наум, како и манастири и цркви во Стариот град на Охрид

МВР: Од невремето вчера 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила над десетина повредени

Според податоците на МВР, синоќаа, до 22:00 часот на подрачјето на СВР Скопје се евидентирани 117 оштетени патнички возила, 35 оштетени кровови, 189 паднати дрвја, седум оштетени семафори, пет пожари и 10 повредени лица

To top