Премиерот Христијан Мицкоски рече дека надлежните интитуции ќе ги надоместат штетите кои ги предизвика вчерашното невреме во земјата.
„ Никогаш оваа Влада не ги оставила граѓаните сами да се снаоѓаат. Јас им благодарам на институциите и на градоначалниците што во текот на вечерта и веднаш после епското невреме кое што вчера го зафати Скопје излегоа на терен и ги санираа штетите заедно со институциите кои што се во нивна надлежност.
И денеска ќе продолжат. Навистина подготовката од нивна страна и мотивацијата беше голема, штетите ќе се констатираат и согласно закон, искуство и пракса од минатото ќе биде од страна на надлежните институциите сето тоа рефундирано.
Запрашан дали Владата има механизми за помош во овој случај, Мицкоски со одговор:
„Апсолутно, како и во секоја елементарна непогода“.
МВР: Од невремето вчера 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила над десетина повредени