Македонија

Трети ден по ред се стабилизира состојбата со гастроентеритис во Гостивар – бројот на нови прегледи намален за 41 отсто

Во текот на вчерашниот ден продолжи трендот на значително намалување на бројот на новопрегледани пациенти – лица што првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис – покажуваат податоците од јавните здравствени установи во Гостивар.

Како што информира Министерството за здравство, во Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ – Гостивар се регистрирани 60 нови прегледи на инфективното одделение, 37 нови прегледи на педијатриското одделение и 11 прегледи на Ургентниот центар, односно вкупно 108 нови прегледи. На инфективното одделение се примени 2 нови пациенти на болничко лекување, а на педијатриското одделение нема нови хоспитализации.

Во Здравствениот дом Гостивар се регистрирани 87 прегледи во дежурната служба и 17 повици до Итната медицинска помош.

Во ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби вчера се регистрирани 3 нови прегледи на пациенти од подрачјето на Гостивар, при што еден пациент е хоспитализиран.

– Во текот на вчерашниот ден продолжи континуираниот тренд на стабилизирање на состојбата. Во споредба со 20.7.2026 година, кога во Општата болница во Гостивар беа регистрирани 183 прегледи, вчера се евидентирани вкупно 108 прегледи, односно намалување од 41 отсто. Истовремено, бројот на прегледи во Здравствениот дом е намален од 110 на 87 пациенти, односно за речиси 21 отсто, што дополнително ја потврдува позитивната насока на движење на бројките – вели министерот за здравство Сашо Клековски.

Најнови вести од: Македонија

Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати долг од околу 8 милијарди евра, направен од власта на СДС и ДУИ, а не се знае за што ги потрошија!

„Кога СДС зборува за задолжувањето мора да се потсетиме на многу важен факт: во следните неколку години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра, земени кога беа на власт СДС и ДУИ. Не се создадени вчера долговите, што треба да ги враќа Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денес и во следните години.“ – нагласи Билјана Кузманоска, пратеничка од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста. 

Сиљановска-Давкова: Заветот од АСНОМ не’ обврза каква држава да создадеме

Дрржава не се гради само со демократските избори и со конституирањето на институциите, туку со градење на функционални институции, со одбрана и заштита на човековите права и со почитување на највисоките стандарди, не само на домашното туку и на меѓународното право, порача претседателката на Македонија

To top