Македонија

Муцунски за Османи: На власт прогресивен во опозиција апостол на хаосот и дестабилизација

Османи беше дел од власт во која Македонците беа малцинство – и тоа не му пречеше

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски кој ретко дава лични оценки и квалификации за политичките ривали во коментира последните изјави и Натали на неговиот претходник Бујар Османи кој настапува агресивно и меѓу редови се заканува по стабилноста на Македонија.

 

Муцунски го обвинува Османи дека имал двојни принципи, еднаш кога е на власт се други пат кога е во позиција.

 

,,Интересно е како некои личности, кога се на власт, се прогресивни Европејци, а штом ќе дојдат во опозиција, одеднаш стануваат апостоли на дестабилизација и поделби.

 

Османи беше дел од власт во која Македонците беа малцинство – и тоа не му пречеше. Напротив, одлуки се носеа и во Владата и во Собранието без македонско мнозинство – и сè беше во ред, демократски, европски.

 

Но денес, кога постои јасно демократско мнозинство, кога народот – независно од етничка или било каква друга припадност – избра промени, тоа (според него) станува „проблем за соживот“, вели Муцунски според кого за Османи, проблемот не е во моделот туку проблемот е што ДУИ повеќе не е на масата.

 

,,Ние, во меѓувреме, работиме да ја поправиме штетата што ја оставивте – дома и надвор. Со работа, со принципи, со почит. Не со закани и манипулации.

 

Демократијата не е валидна само кога сте дел од власта. А граѓаните веќе го кажаа своето – јасно, на избори”, пишува Муцунски.

Османи кој како дел од ДУИ цели 23 години беше дел од власта не може да прифати дека неговата партија сега не е во можност да наметнува одлуки кои во негово време беа на штета на Македонците како тие за Преспанскиот Договор и Договорот за Бугарија.

 

Јас верувам во соживот, во дијалог, и во иднина изградена врз вредности, еднаквост и напредок. За разлика од него, секогаш сум работел на обединување – затоа што сакам да живееме во држава што ги поврзува луѓето, не ги дели. Во држава што гради, не руши. Современа. Самоуверена. Европска.

Најнови вести од: Македонија

Корупциски скандал на албанска министерка Балуку поврзувана со спорни зделки во Македонија со Дрин Ахмети, внукот на Ахмети

„Ја допира и Македонија албанскиот корупциски скандал на фирма-партнер на Дрин Ахмети и ‘Ѓока Констракшн’: во документите за јавни набавки се појавуваат и албанските фирми ‘ПЕ-ВЛА-КУ’ и ‘Ѓока Констракшн’, кои во последните години беа поврзувани со спорни зделки и во Македонија“ – објави информативниот портал „Скопје 1.мк“.

Вреди: ДУИ , која ги претвори судовите во свои ограноци, не може да држи предавања за владеење на законот и правото!

„Иронијата има име – ДУИ! Иронично е и неверојатно е партијата, која има половина од своето раководство на црните листи за корупција, да говори за ‘неуспех во владеењето на правото“! – реагираше остро коалицијата Вреди.

Манасиевски: Дел од правосудните органи бараат плата во вредност од 8 просечни плати со 2% доверба, 360.000 денари би била платата на претседател на суд(ВИДЕО)

Правосудството, иако веќе има едни од највисоките плати во регионот и Европа, бара двојно зголемување на примањата со кое ќе го надмине целиот континент, истакна Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

Најнови вести

To top